19.8 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

АЏУЛЕСКИ Е НОВ ТРЕНЕР НА ДЕСПИНА

Во претстојното првенство женскиот фудбалски прволигаш Деспина ќе биде предвиден од нов тренер, Диме Аџулески. Станува збор за некогашен фудбалер, подоцна долгогодишен тренер во женскиот фудбал. Тој и досега беше асистент на Николче Здравески, кој повеќе не е на таа позиција поради други професионални обврски.

Аџулески на 7 јули ги почна подготовките од кои во реализација е фазата за уигрување на тимот во кој има шест нови фудбалерки. Во Стручниот штаб, покрај Аџулески, се: Христијан Сркески (тренер на голманките), Даниел Тренчески и Антонио Тошески (фитнес-тренери).

Првенството почнува на 7/8 август, а Деспина веќе има одиграно неколку контролни натпревари : Победа над Истатов од Дојран, каде екипата на Деспина постигна победа од 3:2. Претходно фудбалерките загубија со истиот резултат (2:3) од велешки Борец ,а на третиот пријателски меч со Љуботен во Тетово, ЖФК Љуботен-ЖФК Деспина 1:5(1:4).

Би можело да ве интересира

ВРИЕ ВО ПАЛЕРМО : Прилепчани со песна и развиорени знамиња за Македонија (ВИДЕО + ФОТО)

Ветераните одбојкари со победнички старт

Пела Редакција

Наумоски: Кога играте против големите клубови нема што да загубите

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе