10.7 C
Прилеп
понеделник, 31 март, 2025
Пела Радио

Илинденско чествување во Прилеп

Со особена почит денеска во Прилеп се одбележаа двата Илиндена, 118 години од Илинденското востание и 77 години од Првото заседание на АСНОМ. Делегација од Општина Прилеп предводена од градоначалникот Илија Јованоски, Советот на Општина Прилеп, Сојузот на борци, политички партии и група граѓани одадоа почит на сите заслужни дејци и револуционери кои го дадоа животот за слободата.

„Денеска е 2-ри Август, на денешен ден пред 118 години илинденците го дигнаа востанието за ослободување на целиот македонски народ и 77 години од Првото заседание на АСНОМ. Се остварија вечните идеали и желбата за слобода на целиот македонски народ и оние борци и илинденци што ги дадоа своите животи за денеска да имаме слобода. Со потик на денешните и идните генерации, да се надеваме дека сето ова ќе вроди со плод во понатамошниот период на нашето општество, нашата држава да оди економски и културно се понапред понапред. Денес, на сите граѓани од Република Северна Македонија и на граѓаните од Општина Прилеп им го честитам 2-ри Август. Нека е вечен 2-ри Август“, посочи градоначалникот Илија Јованоски во своето обраќање. Со положување на свежи цвеќиња пред спомениците на: ‘Методија Андонов – Ченто’, ‘Кузман Јосифоски – Питу’, ‘Ѓорче Петров’, ‘Пере Тошев’ и на Могилата на непобедените, прилепчани уште еднаш им се поклонија на хероите.

Делегација од Прилеп присуствуваше и на чествувањата во Крушево.

Би можело да ве интересира

Повисоки пензии со 5,3% денеска ќе „легнат„ на сметката на пензионерите

Пела Редакција

Пратеникот Талевски за градинката, за спортските сали и за новиот театар во Прилеп

Гордана Цветаноска

⏱️ПОЧНУВА ЛЕТНОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе