11.2 C
Прилеп
петок, 21 март, 2025
Пела Радио

ДВА ГОЛА, ЧЕТИРИ СТАТИВИ И ЦРВЕН КАРТОН ВО ПРИЛЕП-ПРЕД 2000 ГЛЕДАЧИ, БИТКА КАКО ЗА ПЕХАР

Предмалку прилепска Победа и скопски Вардар одиграа 1:1 на отварањето на на реновираниот Градски стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Беше пријателски меч, а борбен како да се игра за пехар, за титулата. На битка мотивираше амбиентот од близу 2000 гледачи.

Доделени беа многу жолти картони, црвен за гостинскиот голман Стојкоски. Домашните погодија 4 стативи (Карчески, Анѓелески и двапати Б. Спиркоски) и тоа е причината што не победија. Вардар поведе преку Стојковски во 31 минута, израмни од слободен удар Анѓелески во 35 минута.

Но, дали мечот се прекина или заврши? На минута-две до крајот имаше расправија долу на теренот во која беа вклучени повеќемина од гостинскиот и од домашниот табор. Нервозата бргу се пренесе на трибината од каде имаше бурна реакција. Гостите одлучија да го напуштат теренот и не е докрај јасно дали имаше прекин или тука сепак беше крајот на мечот. Следен меч на Победа е в сабота, со Охрид.

Би можело да ве интересира

Прилепчанецот Пандовски, ќе трча до Острог за децата што боледуваат од канцер

Пела Редакција

Дебито на Крчмаревиќ и донесе 3 бода на Победа

Mладинскиот тим на Победа денеска на потег до успехот во Лигата на Шампиони

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе