14.3 C
Прилеп
вторник, 22 април, 2025
Пела Радио

Јованоска го освои деветтото место на ЛОИ и напиша: МОЈОТ СОН РЕАЛНОСТ

Најдобрата македонска каратиска во кати , Пулексенија Јованоска , која утрово се натпреваруваше на ЛОИ во Токио заврши на деветтото место.Таа на својата фејсубк страна и напиша:

„МОЈОТ СОН РЕАЛНОСТ ОЛИМПИСКИ ИГРИ – Токио 2020 🥋Колку вредеше, сите овие години, тренинзи, пот, солзи,повреди, неправди.. Презадоволна од се што дадов на татамите! Привилегија е што бев дел од оваа приказна, завршив на 9тата позиција. Прво коло 23.80Втор коло 24.00 ( мој најдобар резултат ) Горда на себе за секоја секунда помината во сала сите овие години! Фала ти Боже за се’🙏Луууѓе мои, да Ви се заблагодарам на сите за огромната поддршка,на сите вие што верувавте во мене кога беше најтешко 🤞Фала Ви од ❤️

Јовановска оствари резултати 23,8 и 24 поени (просечна оценка 23,9), што беше доволно за деветто место од вкупно десет каратистки кои се натпреваруваа во оваа дисциплина.,

Последен претставник на Македонија во Токио ќе биде борачот Магомедгаџи Нуров, кој ќе има поголеми амбиции на утрешниот настап на турнирот во борење слободен стил.

Би можело да ве интересира

ДВАЈЦА ГРУЗИЈЦИ ЗАМИНАА, ДВАЈЦА ОСТАНАА

Елизабета Филипоска

Прв меморијален шаховски турнир “МАТ”, учествуваа над 120 шахисти

Гордана Цветаноска

Започна пролетниот дел од сезоната во пинг понг со организација на неколку турнири (ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе