29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Чантурија е нов тренер на РК Прилеп

УО на РК Прилеп излезе со информација дека е решено прашањето за нов тренер на машкиот ракометен суперлигаш. Таа позиција му е доверена на Грузиецот Реваз Чантурија. Всушност, тој ќе биде во две улоги – играч и тренер. Претходното првенство покрај играч, беше и помошник-тренер на Горан Кузманоски – Таста кој замина во РК Скопје. Изборот на Чантурија не е изненадување, бидејќи тој остави печат и како играч и како човек во државава, вклучително и во Прилеп. Претстојното првенство ќе има задача со подмладен тим да избори опстанок. Сега се очекува датум за старт на подготовките, избор на играчи кои ќе настапуваат за Прилеп.

Новото првенство започнува од 3 септември.

Извор:  www.shampion.mk

Би можело да ве интересира

Крчмаревиќ ќе го наследи Бубања на клупата на Победа

Рикалоски повторно како потпретседател во ППФМ(ФОТО)

Никола Димески

Домашниот терен не обезбеди предност за фудбалерите на ФК Младост 1930

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе