12.6 C
Прилеп
среда, 23 април, 2025
Пела Радио

Крушевчани ќе ја подобруваат хигиената околу вештачкото езеро

Патеките околу Крушевско Езеро добија корпи за отпадоци со донација на Халк банка АД Скопје и организаторите на фестивалот When in Krusevo. Со поставувањето на корпи крушевчани планираат да добијат чиста околина и да се подобрува инфраструктурата за јавна хигиена

„Голема благодарност до Халкбанка и When in Krusevo за донацијата од корпи за отпадоци. Во текот на фестивалот кој се одржа минатиот викенд ги поставивме корпите долж патеките околу Езеро и очекуваме овој простор да биде почист. Сега имаме повеќе корпи на Крушевско Езеро и повикувам граѓаните да ги користат, а ние навремено да ги празниме.“, изјави ВД директорката на Комуна , Станка Ефремова Трајкоска.

Покрај оваа донација Халк банка АД Скопје финансиски ја поддржа и санацијата на малиот мост на Крушевското Езеро.

Би можело да ве интересира

Нова книга-Како до еколошка заштита на растенијата?

Пела Редакција

Затворен за сообраќај регионалниот пат Прилеп – Плетвар

Комплексот Трескавец ќе добие пречистителна станица (ГАЛЕРИЈА)

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе