Неделава започнува, во знак на еколошките акции на различни локации, но со иста мисла – ЗА ПОЧИСТА МАКЕДОНИЈА! Екологистите, вљубениците во здрава животна средина се обединија и заеднички ќе делуваат на 24.08 Кичево, на 25.08 Охрид, на 26.08 Прилеп, потоа следуваат на 27.08 во Кавадарци, па на 28.08 Струмица и на 29.08 Штип. Граѓанската иницијатива ЕКО СВЕСТ ПРИЛЕП, препознатлива по акциите кои се организираа пролетва на повеќе локации, во соработка со За Почиста Македонија се приклучува на ЕКО Акција на местото Шaторов Камен, што ќе се одржи во Прилеп на 26ти август 2021. Зборно место е бензиската станица ЛУК ОИЛ во 17ч. ОБЕЗБЕДЕНИ се материјали како МАИЦИ за сите учесници, КЕСИ и нараквици.
претходна вест