„После долга внатрепартиска борба и превирања, конечно од СДСМ се охрабрија да го објават кандидатот за градоначалник на Прилеп, Горан Сугарески. Конечно го избраа кандидатот кој на свои плеќи ќе треба да го понесе убедливиот пораз во октомври! – вака ја започна прес конференцијата, Влатко Петкоски, од ОК на ВМРО ДПМНЕ
„Станува збор за човек кој целиот живот се занимава со политика, човек кој целиот живот го поминал како функционер. Зад себе како политичар нема ниту еден успех, ниту еден проект за граѓаните на Прилеп. За потсетување, беше министер за транспорт и врски, кој наместо да го заврши патот Прилеп-Градско за кој наследи обезбедени средства, истиот не само што не го заврши, туку и го раскина договорот со фирмата изведувач. Македонија се наоѓа пред меѓународен суд, каде постојат големи шанси да треба да треба во иднина да исплаќа милионски суми на фирмата изведувач. Нормално тоа ќе бидат пари од џебот на граѓаните. За автопатот Кичево-Охрид, Миле Јанакиески го влечкаат со години по судови, а Сугарески со неговиот пријател Анѓушев, потпишаа нови договори за 3 пати поголема сума од првичниот договор. Резултатот накрај е поразителен. Ни метар од автопатот не се изгради во време на СДСМ.„ -рече тој
“Ја потсетуваме јавноста дека до пред скоро беше и директор на царина, каде Заев не му го продолжи в.д. мандатот. Дали истиот поради неспособност е вратен назад во Прилеп, нека проценат сами граѓаните? Сугарески важи за добар пријател и поддржувач на командирот на полициската станица во Прилеп, Кире Спиркоски, за кој сите слушнавме и прочитавме дека беше уапсен во полициска акција поврзана со дрога. Ова се само четири од многуте работи, кои јасно укажуваат што ќе се случи со Прилеп, доколку дојде на чело на градот еден ваков лик. Гласот за Горан Сугарески е како глас за Илија Јованоски и политиките на СДСМ. Прилепчани нема да дозволат нови 4 години неработење, нови 4 години преспан мандат! Затоа на следните локални избори, СДСМ и Горан Сугарески ќе го претрпат најголемиот пораз, затоа што прилепчани препознаваат кој може да работи за нивно добро, а кој за лични бенефити и уназадување на Прилеп.„ – истакна, Влатко Петкоски од ОК на ВМРО ДПМНЕ