-1.4 C
Прилеп
недела, 23 февруари, 2025
Пела Радио

Крушево домаќин на улична трка

На 4-ти септември во Крушево ќе се одржи улична трка во трчање на 5 километри во знак на одбележување на Денот на независноста и Денот на ослободување на Крушево 8-ми септември.Трката е во организација на Центар за хумани односи во рамки на проектот „Младински активизам за еко туризам“ со финансиска поддршка на Агенција за млади и спорт и во партнерство со општина Крушево. Засега се пријавени околу 30 учесници, а останатите заинтересирани можат да се пријават на www.smartrace.club. За подобра и поуспешна организација денеска се одржа средба меѓу организаторите и претставници од угостителскиот сектор. На средбата угостителите се согласија за поддршка на настанот, односно угостителите ќе овозможат бесплатен престој, храна, пијалоци и слично на најдобрите натпреварувачи во машка и женска конкуренција.

Би можело да ве интересира

Победа нема дилеми за триумф на домашен терен

Гордана Цветаноска

ПЛЕЈ ОФФ за кошаркарите на Мега Баскет – (ВИДЕО + ФОТО )

Никола Димески

Се е подготвено за ракометниот меморијален турнир „Миле Нешкоски“

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе