25.5 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Реми без голови и поделба на бодовите на дербито во Прилеп (ФОТО)

Фудбалерите на Победа не успеаа во желбите да стигнат до победа над Беласица во последниот меч од вториот круг на шампионатот. Дуелот заврши без голови 0:0  благодарение на одличните одбрани на младиот голман на Беласица-прилепчанецот Иван Николоски кој во првиот дел имаше 3-4 бравурозни интервенции по обидите на Карчески, Б.Спиркоски, Христов и Мазари.
На дуелот против струмичани црвено белите играа само во првото полувреме а во вториот дел со играта ја разочараа публиката која и покрај студеното време дојдоа во огромен број да ги бодрат своите пулени.
Резултати од денешното 18 коло: Победа-Беласица 0-0, Братство-Детонит 1-0, Слога-Саса 2-0, Локомотива-Пехчево 0-1 и Осогово-Кожуф 1-1.
Табела: Слога 39, Победа 37, Беласица 35, Саса 34, Осогово 23, Пехчево и Кожуф по 22, Детонит 20, Братство 13 и Локомотива 6 бодови.Во следното 19 коло ќе играат:Победа-Кожуф, Саса-Братство, Беласица-Детонит, Слога-Пехчево и Осогово-Локомотива.

Би можело да ве интересира

Технички нокаут на Трајкоски за Прилеп и Македонија (ГАЛЕРИЈА – ВИДЕО)

(фото)Од меѓународниот турнир во Грција клубот „Пролетер“ со многу медали

Завршница на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе