10.1 C
Прилеп
сабота, 29 март, 2025
Пела Радио

Ова се протоколите за настава со физичко присуство, среќно ученици!

Училиштата се подготвени за новата учебна година која започнува утре, велат надлежните општински и централни власти, а ќе се одвива со физичко присуство и под утврдени здравствени протоколи. Министерството за здравство минатиот месец ги објави протоколите за одвивање на наставата во услови на пандемија, за заштита од Ковид 19. На следните линкови проверете ги протоколите за основците кој содржи 30 правила, додека протоколот за постапување во средните училишта вклучени се вкупно 28 мерки.

Протокол за основните училишта:

Протокол за средните училишта:

 Во општина Прилеп освен во Гимназијата Мирче Ацев, каде 2 месеци ќе има онлајн наста, сите останати основни и средни училишта започнуваат со настава со физичко присуство. Годинава, стартуваат во образовниот процес вкупно 668 првачиња во основните училишта во градот Прилеп и населените места. Додека пак вкупно во основните училишта настава ќе посетуваат  6.287 ученици. Во средните училишта во Прилеп се запишани  3.295. Како што информираше градоначалникот Илија Јованоски, се’ е подготвено за почеток на новата учебна 2021/2022 година.

Би можело да ве интересира

Граѓаните да не наседнуваат на лаги, полицијата ја гарантира безбедноста

Пела Редакција

Протест за да се прекине ископот на мермер за потребите на Бехтел и Енка кај Оревоец (ВИДЕО)

Пела Редакција

Прилепската болница вклучена во INTERCOVID студијата на Универзитетот во Оксфорд

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе