5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Селекторот Милеска ги започна подготовките на репрезентацијата за турнирот во Естонија

Катерина Милеска , селекторот на женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години, денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски”, ги започна подготовките за квалификацискиот турнир што ќе се одигра во Талин, Естонија во периодот од 17. септември до 3. октомври.

Женската фудбалска  репрезентација на овој турнир за пласман во елитната фаза квалификации ќе ги одмери силите со домаќинот, селекцијата на Естонија, Украина и Молдавија.

Милевска, се одлучи да  повика три фудбалерки од маладинскиот состав на ЖФК Деспина: Кристина Павлоска, Анастасиа Илиеска и Михаела Настоска. Инаку, во составот на репезентацијата се:

Голмани: Мери Васева (Тиверија), Кристина Павлоска (Деспина); Одбрана: Елеонора Николовска (Каменица Саса), Слаѓана Ѓорѓиева (Тиверија), Сара Мена (АС Јунајтед), Мирјана Ѓеровска (Љуботен), Ања Михајлова (Тиверија), Катерина Петкова (Истатов 2015); Среден ред: Миа Велинова (Интернационал), Матеа Блажевска (Скопје 2014), Ива Јосифова (Тиверија), Биљана Панеска (Тиверија), Теодора Далческа (АС Јунајтед), Викторија Стрика (Речица), Рона Рустеми (Шкендија), Михаела Настоска (Деспина);Напад: Веса Села (АС Јунајтед), Јована Павловска (Атлетико), Анастасиа Илиеска (Деспина), Дева Величкова (Кул Здравје);

Катерина Милеска – селектор на женската репрезентација на Македонија до 17 години при ова изјави:

 Ги започнавме подготовките и позитивна вест е тоа што ги имаме сите фудбалерки на располагање. Објективен проблем претставува фактот што во изминатиот период девојките имаат одиграно многу мал број на натпревари. Знаеме дека поради пандемијата, младинските лиги беа откажани, но сепак мора да се соочиме и со тој предизвик. Украина е носител во групата и апсолутен фаворит, шансата ќе ја бараме на дуелите со Естонија и Молдавија.

Би можело да ве интересира

Адамчески од младинскиот тим премина во сениорскиот тим на РК Прилеп

Пела Редакција

ПРИЛЕПЧАНИ СО ТРИ БОДА ОД РАДОВИШ

Гордана Цветаноска

Прилепските боксери градат историја

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе