11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Со сликотворби прилепските градинки „Наша иднина“ ја одбележаа Светската недела на детето и Денот на учителите

Вредните детски рачиња денеска сликаа и се натпреваруваа со песна и радост – по повод Светската недела на детето и Денот на учителите 5 ти октомври. Во градинката Бончејца беше весело од утринските часови бидејќи убавото време беше искористено во дворот децата да сликаат со мотив од сликовниците.

– Традиционално години наназад ја одбележуваме Светската недела на детето која што се одбележува во првата полна недела од месец октомври. Годинава под мотото „Детето во светот на сликовницата “ одлучивме сами како колектив да ги реализираме активностите со посебен концепт. Во секоја занимална со посебни задачи: разгледување и запознавање со сликовници, со цел да се доближи сликовницата, односно книгата до детето, да се запознае детето дека сликовницата има илустрации и текст, дека има автор, дека илустрациите некој треба да ги нацрта …

Токму денеска кога го славиме Денот на учителите, просветните работници решивме да ја организираме оваа работилница и празникот работно да го прославиме со тоа што нам ни изле во пресрет специјализираната литература за деца Едукамак со еден нивни автор и илустратор, рече Елеонора Костоска Иваноска, воспитувачка во ЈОУДГ „Наша Иднина“ Прилеп.

Во работилницата беа вклучени децата од големата група од детската градинка Бончејца кои ја цртаа хероината Супер Смешка според кое што е настанато месечното списание од издавачката куќа од каде што пак беа доделени награди за најдобрите цртежи на децата.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на СОУ „Орде Чопела“ Прилеп (ГАЛЕРИЈА)

Гордана Цветаноска

Општина Прилеп ги награди најуспешните ученици од основните и средните училишта

Гордана Цветаноска

Дваесет и четврти по ред Пелагониски културно –научни средби во Новаци

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе