11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Кои се носечките проекти од социјалната заштита на Јовчески, кандидат за градоначалник од ВМРО -ДПМНЕ

На прес конференција денеска беа претставени дел од проектите на кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ д-р Борче Јовечески кои се однесуваат на социјалната заштита:

„Покрај изградбата и доизградбата на нови детски градинки, како и планираните адаптации на постоечки објекти, чиј вкупен капацитет ќе биде 500 деца, ние ќе се погрижиме за сите категории на граѓани, а не само за најмладите.

За постарите сограѓани, планирани се:

  • Поддршка за изградба на нови приватни старски домови;
  • Изработка на техничка документација за реконструкција и проширување на старскиот дом „Киро Крстески – Платник“, како и реконструкција на истиот и опремување во соработка со Министерство за труд и социјала;
  • Давање бесплатни услуги на стари, изнемоштени и болни лица. Вклучени ќе бидат волонтери кои ќе се грижат за околу 100 стари и изнемоштени лица кои воопшто немаат кој да се грижи за нив. Целта на волонтерите е да ги посетуваат овие лица 3 пати неделно, да им купуваат намирници, лекови, да им плаќаат сметки, да поразговараат со нив. Овој проект ќе го реализира Домот за стари лица „Киро Крстески– Платник“ Прилеп, а ќе биде поддржан и финансиран од Општина Прилеп;

Во нашата програма предвидовме и проекти за:

  • Овозможување на подобри услови за работа и функционирање во Центарот за деца со посебни потреби „Ѕуница“, како и зголемување на кадарот на стручни вработени кои работат со тие деца;
  • Обезбедување на униформа од страна на општината на децата од социјално загрозени семејства;
  • Субвенционирање на помагала на лица со хендикеп и посебни потреби;
  • Обезбедување на услови за движење на лицата со хендикеп во јавните институции кои се во надлежност на локалната самоупра-ва;
  • Бесплатен градски превоз за сите средношколци и пензионери со минимална пензија;
  • Доделување на еднократна парична помош во висина од 6.000 ден. на секое семејство за новородено дете во општината.

Почитувани, во наредните 4 години ќе направам се за да ги спроведеме сите инклузивни потези кои ќе овозможат Прилеп да биде достапен град за сите граѓани со попреченост.

1.Општината ќе организира обуки за секој што сака (не принудно) да научи елементарно ниво на македонски знаковен јазик.

  1. Веб страната на општина Прилеп во моментов се уште не е достапен за глуви, слепи и други лица. Ќе ги прилагодиме информациите за општината,нејзините активности во аудио формат за слепи, знаковен за глуви.
  2. Сите поголеми манифестации ќе бидат достапни за лица со попреченост.
  3. Ќе се погрижам за младинците со попреченост кои живеат во Прилеп и околината да бидат активни чинители во општествениот живот, беше посочено од кандидатот за градоначалник Борче Јовчески од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата.

https://www.facebook.com/borchejovcheski/videos/1098629354207489/

Би можело да ве интересира

Ристески: Кога се работи за Еурокомпозит, Сугаревски, Јовановски, Анѓушев и Заев се истите тие ликови кои во очи ги гледале и ги лажеле овие луѓе

Елизабета Филипоска

„ЧЕ ВРЕДИ“ НОВ ПРОЕКТ: ЕЛЕКТРОНСКИ СИСТЕМ ЗА ПРИЕМ И СЛЕДЕЊЕ НА ПРЕДМЕТИ

Гордана Цветаноска

Илиеска: СДСМ и Коалицијата ја имаат најдобрата понуда и најдобриот кадровски состав

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе