7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Јовчески: Жално е што актуелната локална власт не направи ништо со реконструкцијата на плоштадите

Денес, стојам гордо пред Прилепската саат кула, говорејќи за повеќе проекти чиј бенефит е засите граѓани. Жално е што актуелната локална власт не направи ништо во врска со
реконструкцијата на плоштади. Сведоци сме во каква состојба се најдуваат и плоштадот кон
училиштето Кочо Рацин, но и тој кај Марко Цепенков. Сведоци сме колку лошо изгледаат буквално сите фонтани,паркови и пешачки зони. Целосно запуштени и не функционални!„ истакна Борче Јовчески, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Прилеп.

„Затоа, би сакал да ви ги претставам дел од нашите проекти за реконструкција на плоштади, улично осветлување, пешачки зони, парковии фонтани:
– Промена на оштетените канделабри и поставување на ново улично осветлување онаму каде
што нема.
– Изработка на проект и постепено заменување на уличното осветлување со светилки на погон на обновливи извори на енергија.
– Реконструкција на Старата градска чаршија. Целосна реконструкција на водоводната,
одводната, електричната и кабелската мрежа која ќе биде подземна, како и целосно уредување на партерот.
– Реконструкција на плоштад „Александрија“ и плоштадот пред Дом на култура „Марко
Цепенков“ (промена на оштетени плочки, промена на оштетени канделабри и освежување на
зелени површинисо засадување на цвеќиња и ново зеленило)
– Реконструкција на Афмитеатарот во Варош – негово повторно ставање во функција со
органиирање на бројни настани.
– Реконструкција на постојни фонтани – промена на оштетени светилки и оштетени прскалки
и ресконструкција на постојни паркови во центарот на градот и приградските населби ,како и
во населените места (парк Суд, парк Варош, парк Точила, паркови во Мало и Големо Коњари).
– Реконструкција на уништените паркови и спортски терени и изградба на нови.
– Комплетна реконструкција, обновување и збогатување со нови содржини на Паркот на
Револуцијата.
– Партерно уредување со паркови и зеленило во населба Точила околу К-згради;
– Поставување на автоматски системи за наводнување на парковите.
Ова се дел од проектите во нашата програма со кои град Прилеп повторно ќе биде прекрасно
место за живеење. За Прилеп се работи!„ рече тој на денешната прес конференција која Ви ја пренесуваме и во видео формат

https://www.facebook.com/borchejovcheski/videos/5114082538618871

 

Би можело да ве интересира

Се дистрибуира гласачкиот материјал, утре уредите за биометриска идентификација

Гордана Цветаноска

Јовчески: Нудиме повеќе сообраќајни решенија за побезбеден Прилеп

Гордана Цветаноска

Кандидатите за градоначалници на Прилеп го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе