13.2 C
Прилеп
сабота, 26 април, 2025
Пела Радио

ОО на СДСМ Прилеп тврди дека Ристески на прес изнел лаги и клевети за Сугарески, за собирање дневно-политички поени во изборната кампања

„Кредибилитетот на нашиот поранешен сопартиец, Петар Ристески, којшто во моментот одработува за интересите на злосторничкото здружување, наречено ВМРО-ДПМНЕ, кај граѓаните на Прилеп е помоножен со нула. Изнесените брутални лаги и клевети, својствени за него и партијата која тој ја претставува, служат исклучиво за манипулација на граѓаните и добивање на ситни дневно-политички поени во изборната кампања„  со соопштение до медиумите реагираа од Центар за комуникации со јавност од ОО СДСМ Прилеп, на изнесените ставови во денепната прес конференцијата на пратеникот од редовите на ВМРО ДОМНЕ, Петар Ристески.
Пред да излезе на телевизија да клевети и да ја лаже јавноста, пратеникот Ристески, треба да знае дека додека Горан Сугарески ја извршуваше функцијата министер за транспорт и врски, ниту ВМРО-ДПМНЕ не се дрзна да му поднесе интерпелација, со што и самите ја потврдија законитоста на неговото работење. Граѓаните знаат да направат разлика помеѓу чесното и одговорно работење на СДСМ и криминалното 12 годишно владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Дека се движиме на правиот пат и го правиме најдоброто за сите, граѓаните ќе потврдат на денот на изборите, кога Горан Сугарески ќе биде избран за нов градоначалник на Прилеп, а СДСМ и коалицијата ќе имаат мнозинство во Општинскиот Совет.“- пишуваат од Центар за комуникации со јавност од ОО СДСМ Прилеп како реакција на прес конференцијата на пратеникот од редовите на ВМРО ДОМНЕ, Петар Ристески.

Би можело да ве интересира

Петкоски:СДСМ за време на владеењето недомаќински потрошиле милионски суми народни пари

Гордана Цветаноска

Започна изборната кампања! Од Прилеп ВМРО ДПМНЕ најавија натпревар на идеи и проекти во интерес на прилепчаниреална и остварлива програма,

Елизабета Филипоска

Илиеска: СДСМ и Коалицијата ја имаат најдобрата понуда и најдобриот кадровски состав

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе