5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

100 000 илјади Евра од УНДП за уредување на комплексот “Маркови Кули“


 

Во ЕУ проектот за  „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“,  кој го спроведува УНДП во парнерство со  Министерство за заштита на животната средина, ќе се најде и проектот за  зашита на Марковите кули . 100 000 илјади Евра од УНДП ќе бидата наменети за уредување на комплексот “Маркови Кули“

 „Ќе се подготват бази на податоци за комплексот, видео-мониторинг систем, ќе се собира отпадот, ќе има патокази, информативни табли, патеки, брошури, видиковци, се што ќе ги подобрат пристапот и свеста на посетителите и локалното население, со цел подобрување на пристапноста за посетителите и туристите и нивно информирање за значењето на комплексот-  рече градоначалникот Јованоски

при посетата на Марковите кули ,кај т.н карпа „Слонот„заедно со амбасадорот на Европската унија, Самуел Жбогар и претставникот на УНДП Лујза Винтон.

Лујза Винтон, претставник на УНДП, смета дека токум Марковите кули е вистинската локација да се промовира програмата. Таа истакна дека треба повеќе локалното население да се грижи за  приодните богатства ,бидјеќи тоа се прави само како теорија ,а во пракса не е така!

„Има многу заштитени локации во земјата, дури 86 насто, но проблемот е дека тие локации се заштитени само во теоријата, а не и во практиката. Сакаме да го промениме и начинот на размислувањето на локалното население, кое мисли дека заштитено значи оградено со ограда, а да нема пристап. Напротив, заштитата на природата и објектите значи соработка со населението, за да може да се развива туризмот, спортовите и да не се уништува природата. Ако ЕУ верува во заштитата на средината, ние како ОН веруваме и во одржливиот развој на природата„-истакна та

УНДП во соработка со општинските власти и граѓанските организации наредните две години ќе ги реализира  17 проекти низ целата земја. Пари ќе има и за националните пракови-Пелсистер,Галичица, Пелистер, Маврово, за  езерата – Охридското, Преспанското, Дојранското Езеро, за паркот „Јасен“ и кањонот „Матка. Според амбасдорот Самуел Жбогар многу е битно зачувувањето на баланост на планетата, за зачувување на природните реткости.

Тој рече „Затоа со задоволство се прифатени 17 проекти на ниво на Македонија. Европската унија веќе има доделено 6 милиони евра за заштита на животната средина и финансиската помош продолжува. На државните власти Унијата им даде поддршка во таканаречената мрежа „Натура 2000“ за идентификација на локации на загрозени видови, растенија и животни„

Марковите кули како комплекс на природните реткости се простира на неколку хектари и се под привремената заштита на УНЕСКО.

Би можело да ве интересира

Прв ден откуп во Комбинатот и во поголемите компании

Гордана Цветаноска

Што градот му нуди на бизнис секторот?! Бизнисмените дебатираа по повеќе прашања на седницата на Економскиот Совет на Општина Прилеп

Елизабета Филипоска

Комбинатот започна со откуп на тутунот

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе