10 C
Прилеп
сабота, 29 март, 2025
Пела Радио

Во Новаци се расчистуваат дивите депонии

Градоначалник на општина Новаци, Стевче Стевановски  првата недела од својот мандат ја започна теренски со реализација на предизборните ветувања за чиста и здрава еколошка средина во општина Новаци. Првата работна акција започна со расчистување на депонираниот смет и градежен шут кој на диво се одлага на оваа локација.

„Денеска со екипа од комуналното претпријатие „Комунална хигиена“ Новаци со градежна механизација започнавме со отстранување на одложениот смет и градежен шут кој во огромни количини постои на дивата депонија во Новаци. Изминатите денови ги мапиравме сите вакви депонии на седум локации, и на истите ќе се интервенира  во следниот период  со цел да ја направиме општина Новаци чиста и здрава средина со нулта толеранција за диви депонии. “ рече  Стевче Стевановски , градоначалник на општина Новаци.

 

Во наредниот период работата на комуналното претпријатие  ќе се интензивира покрај со расчистување на депониите и со чистење на вегетацијата по коловозите, чистење на речните корита и одводните канали како и одржување на хигиената на јавните површини во општината.

Би можело да ве интересира

Заклучен Избирачкиот список за претседателските и парламентарните избори

Пела Редакција

Дали власта требаше да се меша?!

Жетва богата – цена евтина, а лебот поскапува!!!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе