7.3 C
Прилеп
вторник, 3 декември, 2024
Пела Радио

Со нов апарат Прилеп ќе ги уништува комерците

Прилеп ја започна борбата против глодарите и комарците, како превентивна заштита на населението од овие пренесувачи на заразни заболувања. Центарот за јавно здравје – Прилеп најави дека за пролетната дезинсекција набавен е нов апарат за третирање на комарците .

„ Со новит апарат за  „ладно замаглување“ , кој има голем капацитет и огромна можност за распрскување , се овоможува и на најнепристапните места, на брз, лесен и едноставен начин да ги третираме комарците“-  истакна директорот на Центарот за јавно здравје – Прилеп, Драгица Николоска.

ДДД е навремено започната потенцираа од Центарот за јавно здравје-Прилеп , што би продонесло ова лето глодарите и комарците да ги има во намален број.

„Дератицзацијата се одвива во две фази. Едната е пролетна,на почетокот на мај/јуни и есенска во септември/октомври. Се поставуваат родентицидни мамци во должина на целиот канализационен систем. Третираме по два пати во годината  3.750 шахти, колку што ги има во Прилеп. Посебен акцент ставаме на објектите од јавен интерес: болницата, здравствениот дом, училиштата, градинките, отворени диви депонии на територијата на Општина Прилеп“- објасни директорот на Центарот за јавно здравје – Прилеп, Драгица Николоска

Што се однесува до уништувањето на комарците таа истакна дека во овој период дезинсекцијата е ларвицидна, кога се уништува ларвениот стадиум на комарците, по течението на градска река, Вештачкото езеро, кај с.Оревоец,  Ленишки мост, Маркова чешма, Дабнички завој, сите бари, мочуришта и застоени води.

Од мај до октомври  Центарот за јавно здравје- Прилеп спорведуваа 6 последователни циклуси за уништување на комарците, со што се спроведува и адултицидната дезинсекција која ги опфаќа дрвјата и сите зелени површини, паркови, грмушки ..Од вкупно илјада хектари на кои се простира Прилеп, со дезинсекција се третираат околу 800 хектари.

Дератизацијата и дезинфекцијата е според програмата на Општината што ја финансира превентивната заштита на граѓаните и годинава од буџетските средства  за оваа намена се издвоени еден милион и 250 илјади денари  .

Би можело да ве интересира

Ќе се зголемуваат температурите во наредните денови

Пела Редакција

Пожар во Марино Маало, гореше куќа, предизвикана е голема материјална штета ( Видео)

Гордана Цветаноска

Кога Мало Коњари ќе добие функционален канализационен систем?

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе