2.3 C
Прилеп
понеделник, 23 декември, 2024
Пела Радио

Македонија е во енергетски кризна состојба, рестрикции за граѓаните нема, велат од Владата

Кризната состојба во енергетскиот сектор била со единствена цел да може да се вбризгаат буџетски средства директно во енергетските компании во земјата, вклучувајќи ги и ЕСМ и МЕПСО за да се зголеми нивната ликвидност, за да може да се интервенира  во увозот на струја, посочи на прес конференција министерот за економија Крешник Бектеши.

Македонија ги исполнила пропишаните услови за прогласување на кризна состојба кои се :

Целосно или делумно нефункционирање на електропреносниот или електродистрибутивниот систем предизвикано од временски или природни непогоди или хаварии; Испад на интерконективен преносен капацитет; Распад на електроенергетскиот систем на соседните држави;  Траен испад на поголеми производствени капацитети поради хаварија или недостиг на енергенси за производство на електрична енергија и/или неможност испадот да се покрие со расположливата резерва во производство на електрична енергија; Недостиг на електрична енергија на домашниот пазар, како и на регионалните и меѓународните пазари на електрична енергија утврден врз основа на податоци добиени од диспечерскиот центар на ОЕПС и/или ОПЕЕ; Непредвиден значителен пораст на цената на електрична енергија за одреден временски период.

Прогласената кризна состојба ќе значи ограничување при користењето на електричната енергија и тоа  доколку има рестриктивни мерки како што се: исклучување на сите светлечки реклами; осветлението на улиците, плоштадите и другите објекти се намалува до минимален сигурносен обем на осветлување; осветлението на излозите се ограничува до минимален сигурносен обем на осветлување и/или забрана за употреба на електрична енергија за додатно загревање на деловни и службени простории.

Првиот Блок на РЕК Битола од денеска повторно е во функција, произведува струја и е приклучен на енергетската мрежа, соопштија од раководството на Комбинатот. РЕК Битола речиси 24 часа беше комплентно исклучена и не призведе ниту еден киловат откако Блок 1, едниствениот кој работеше, мораше да биде исклучен заради минихаварија и поправка на дефект, пукната цевка во котелот.

Од ЕСМ најавуваат дека до крајот на неделава треба да заврши ремонтот во Блок 2, кој бил плански, и тој да биде ставен во погон и да почне да произведува струја за домаќинстава. Блок 3 по петочната хаварија ќе биде во погон најмалку еден месец.

Би можело да ве интересира

Реонот кај стрелиштето „Леково„ два часа ќе биде забранета зона за движење

Пела Редакција

Четири нации, четири градоначалници го славea мирот

Елизабета Филипоска

Поклон пред ликот и делото на Блаже Конески

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе