Предлог планот за развојната програма на Општина Прилеп за 2022 , беше првиот „камен на сопнување„ на советниците на денешната 4-та Седница на Советот на Општина Прилеп, во новиот состав. Развојната програма за наредната година ќе опфаќа три клучни проекти: реконструкција на улицата – шеталиште „Борка Талески„ (со финансиска конструкција над 25 милиони денари),поставување на цевковод во с.Канатларци и доизградба на деттската градинка во нас. Точила ( чија финасиска конструкција е над 133 милиони денари) – соопшти претседателот на Комисијата за финансии при Советот на Општина Прилеп, Ирена Стерјоска Локвенец
Советниците од опозицијата тврдеа дека детската градинка е нивни проект и бараа одговор за динамиката на работењето на локалната власт кога е во прашање развојната програма за 2022 , тврдејќи дека од трите проекит, еден е нивни почнат проект – детската градинка, и со оваа предложена развојна програма, во суштина, се малку проекти зареализација за наредната година, „бидјеќи, со овој тек на развојна програма ни половина од преоктите што беа ветени во предизборните ветувања, нема да бидат завршени“– критикуваше опозицијата, набројувајќи дел од ветните проекти на власта.
Советниците ,пак од Левица на самиот старт на седницата, предложија и неколку итни, дополнителни, точки и бараа да бидат стевени во деловникот за работа на денешната Седница.Тие побараа итно констисуирање на младински совет, итно овозможување на дигитално пренесување на седниците на Советот на Општина Прилеп, итно вклучување на комисиите за кризна состојба поради енергетската криза, итно воведување на автобуска линија во среда на релација Прилеп-Штавица-Дуње, односно во мариовскиот крај образложувајќи дека овие жители 30 години се отсечени од градот поради немање превоз , итно ставање точка на дневен ред на седницата на советот за решавање на стамбеното прашање на социјално-загрозените семејства, чии домови , социјалните бараки во населба Варош, беа опожарени пред повеќе од 3 месеци.
Претседателот на совет на Општина Прилеп,Дејан Проданоски, се обидуваше да разјаси дека за да одлучува советот потрени се барања за вакви предлози и дека е потребно образложување за итноста на секоја предлог. Во тој контекст тој даде образложение за дел од барањата, а за социјалните семејства чии бараки изгореа неодман, преложи веднаш по завршувањето на седницата да се состане комисијата за елементарни непогоди, за решавање на состојбата со овие семјства, кои моментно се сместени во интернатот во Прилеп по опожарувањето на нивните домови, и да се разгледа можноста да им бидат надоместени трошоците за престој, нагласувајќи при тоа дека станбената политка е сепак, во „рацете„на Министерството за труд и социјална политика ,а не во надлежност на локалната власт.
Левица – Соопштение до јавност за социјални Бараки
(Имено, Ливица – Прилеп, вчера најави дека оваа точка ќе бараат да се стави на дневен ред, „со оглед на тоа што овие 4 социјално-загрозени семејства, со 11 членови „беа “изиграни” од предходнниот владеачки состав, нехумано беа сместени во интернатот, а дел од семејствата, трошоците за кирија за нивното привремено сместување се оставени на нивни грб, иако предходниот градоначалник им ветил подмирување на сметките за кирија од страна на Општината. Општината е ДОЛЖНА да излези во пресрет и во најбрз можен рок да го реши ова прашање„- стоеше во соопштение до јавноста, што иницираше претседателот на Совет на Општина приле да ја донеси одлуката за итно свикување на комисијата за елементарни непогоди за решавње на состојбата.
На Седницата советниците не ја усвоија ни предлог- одлуките за кварталниот извештај на Буџетот на Општина Прилеп за 2021 г. Побараа Советот да покрене постапка за матерјалната и финасиска контрола пред надлежните органи за надзор. Тие не дадоа согласност ни за тримесечниот извештај за финансиско работење на ЈКП Водовод и Канализација, за 2021 г , бидјеќи, иако уредно поканети, преставник од ова ЈКП не присуствувал на комисијата за финасии за да го образложи финансиското работење на ова ЈКП за назначениот период; советниците ги разгледаа и предлог – одлуката за тримесечниот извештај за финасиското работење на ЈКП Комуналец и ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески Платник„ ,но и тука се побара да биде покрената постапка за матерјална и финасиска контрола пред надлежни органи за надзор.
Советот, иако имаше само пет точки на дневен ред, работеше со прекини, со неколку минут пауза помеѓу секоја точка од дневнот ред , за конултација на советниците, или по барање на власта, или опозицијата, што создаде подолготрајна дискусија од вообичаено заседавање на Советот на Општина Прилеп .