5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Претставници од Светска Банка во евалуација на проектот „Прилепско езеро – Нови авантури, нови можности“

Дојдоа претставници од Светска Банка кои го администрираа проектот  „Прилепско езеро – Нови авантури, нови можности“ со цел да погеледнаt колку проектот е успешен и да проценат како проектоти влијае врз  развој на туризмот во Општина Прилеп, како дел од мисијата за завршување на Проектот за локална и регионална конкурентност.

Претставниците на Светска банка, Витали Геворкиан – aрхитект и Блерта Ќерими – виш специјалист за развој на приватен сектор, извршија посета на содржините и уредените локации покрај Прилепско езеро каде беа реализирани градежните активности и ја го изразија своето задоволство од реализираното.

Тие разговараа и со прилепскиот градоначалник, Борче Јовчески кој ги презентираше идеите за понатамошно унапредување на овој простор со нови содржини кои ќе ја збогатат понудата и ќе го подобрат квалитетот на посетеност на овој простор . Градоначалникот истакна дека за збогатување на содржините Општината ќе спроведе и анкета со што би се слушнал гласот на граѓаните за утврдување на содржните кои недостасуваат на овој просторот.

Инаку , во рамките на проектот кој е спортско рекреативн комплекс, изградено е мултимедијално плато со тераси, летниковци и урбана опрема, кошаркарско игралиште со трибина, игралиште за одбојка, и 4 маси за пинг- понг, кои се оградени и осветлени со рефлектори за  користење во вечерните часови, 4 детски игралишта со соодветни содржини за најмладите посетители; пешачка патека во должина од 700 м. осветлена со канделабри . Пред некогашниот мотел е изграден паркинг простор , паркинг за велосипеди, а на целиот потег во зоната има клупи и корпи за отпадоци, информативни табли и патокази. Мултимедијалниот простор е комплекс од 3 летниковци и 20 клупи за седење, како и плато, кое е предвидено за одржување на  културно – забавни манифестации, концерти. Коплексот беше пуштен во почетокот на септември.

Преставниците од Светска Банка, Геворкиан и Ќерими истакнаа дека се задоволни од спроведениот проект и истакнале дека искуствата споделени од Општина Прилеп ќе придонесат кон подобрување на идното планирање за ваков и сличен тип на проекти кои би биле поддржани од Светска Банка. Додека пак, градоначалникот на Прилеп истакнал дека останува посветен на спроведување на проекти кои се од интерес на граѓаните ,како и развој на идеи, кои би можеле да бидат финансирани од страна на Светска Банка и Европската унија.

Целиот објект „Прилепско езеро – Нови авантури, нови можности“ е изграден од природни материјали – камен и дрво со цел да се задржи природниот амбиентален изглед. Вкупната вредност на проектот изнесувал околу 50 милиони денари, од кои 6 милиони денари оддвоила општина Прилеп. Проектот е финансиран од страна на Европската Унија и Владата преку проектот за локална и регионална конкурентност. „Прилепско езеро – нови авантури, нови можности“ го администрира Светската банка, а се спроведува од кабинетот на заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори.

Спортско рекреативниот комплекс е на оддалеченост на околу 6 км од градот Прилеп.

Би можело да ве интересира

Во општина Прилеп регистрирани 62.082 граѓани со право на глас

Пела Редакција

Пет лица каснати од змии во Пелагонија

Пела Редакција

ПЕЛА СТОРИЈА : Креативни наставници – задоволни ученици во ООУ Страшо Пинџур – Мало Коњари (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе