Во овој период се реализираа младински иницијативи – проекти во 10 училишта во државава вклучени во проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата фаза 2“ кој го реализира Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп, а е поддржан од ifa/Zivik програмата во склоп на Федерална канцеларија за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
Треба да се потенцира креативноста на младинските групи утврдена според потребите на младите во локалните средини. Како илустрaција за креативноста на младите би издвоиле неколку различни иницијативи на пример: како да им се помогне на децата со посебни потреби да бидат креативни и сами да си направат убави творби и да си ги развиваат сопствените потенцијали. Друг проект на младите го подигна нивото на организирање на обуки и презентации, друг младински тим направи доопремување на младинкото катче во училиште со работни материјали.
Исто така младите беа посветени и на креативноста и планирањето за иднината па некои од нивните проекти се организирање на литературна вечер и on line конференци, друг да им се помогне да вежбаат промовирање на своите знаења изработка и печатење на пропагандни материјали, а се во функција на подготвеност на учениците за полесен пристап до пазарот на трудот по завршување на средното образование. Исто така со проектните активности им се помогне и овозможи на ученици да ги усовршат своите знаења и вештини во практичната настава во профилот медицинска сестра.
Да потсетиме дека овие 10 проекти се всушност резултат од Младински летен камп кој се одржа на почетокот на август во хотелот „Аквалина“ во Охрид. На кампот присутните ги учеа вештините на Проектен менаџмент, а секој од училишните тимови подготвуваше по 3 идеи за локални иницијативи во секое училиште. Имено на кампот се реализира обука за детектирање на проблемите во локалната средина, но и за подготвка на проекти – проектни апликации за решавање на истите. На самиот камп се изврши и презентација на иницијативите и едукаторите високо ги оценија.