16 C
Прилеп
недела, 13 октомври, 2024
Пела Радио

Завршна работилница за билатералниот проект за пилотирање услуги за поддржано вработување за млади

“Пилотирање на услуги за поддржано вработување на млади во С.Македонија” беше тема на завршната работилница  која се одржа на 10 ти ноември 2022 година во Скопје во рамки на  билатералниот проект за пилотирање услуги за поддржано вработување за млади. Беа презентирани активностите и достигнатите резултати во рамките на билатералниот проект  спроведен од Wien Work во партнерство со 5 локални организации од нашата држава: Локална Акциона група АГРО ЛИДЕР, Кривогаштани; Инклузива, Куманово; Институт за развој на заедницата,Тетово; Избор, Струмица и Центар за млади и заедницата, Гостивар. Проектот се реализираше со поддршка на Сојузното Австриско Министерство за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи и УНДП.
На настанот свое обраќање имаше министерката за Труд и социјална политика  Јованка Тренчевска, Директорот на Агенцијата за вработување  Беким Мурати и  Харалд Фугер – Аташе на австриското социјално министерство. Пилотирањето на услуги за поддржано вработување под менторство на Виен Ворк, Австрија започна во 2020 година и во текот на проектот без забележани значајни резултати во давањето на социјални услуги за вработување за млади од ранливи групи.
Сите партнер организации споделија искуства од обезбедувањето услуги за вработување за различни целни групи, а воедно ги презентираа активностите и достигнатите резултати соочувајќи се со бројни предизвици како пандемијата со КОВИД19. Услугите за поддржано вработување се повеќе од потребни за да се овозможи вработување за млади од ранливи групи и да се намали младинската невработеност, а соработката помеѓу релевантните институции и граѓанските организации – потенцијални даватели на социјални услуги е основа за да се креираат програми и мерки кои ќе обезбедат квалитетни и одржливи услуги за поддржано вработување.

Би можело да ве интересира

Здружението „Храбро срце“ храбро во иницијативата за поддршка на органодарителството

Гордана Цветаноска

Радио Пела во медумска поддршка на хуманитарниот концерт на Саша Ковачевиќ

Елизабета Филипоска

ГЛАСАЈТЕ ЗА ПЕЈАЧ ИЛИ ЗА МУЗИЧКА ГРУПА

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе