Во Буџетот за 2022 година има наменето средства и за борба против загадувањето на животната средина и амбиенталниот воздух, во износ од 5 милиони денари, со кои ќе субвенционираме набавка на инвертер клими за греење на домаќинствата .Ссредства од буџетото ќе се распределуваат и за подршка на спортот и физичката култура планирани се 5 милиони денари;За подршка на културните манифестаци планирани се 4,5 милиони ; како и буџетската подршка за финансиската стабилност и ликвидност на ЈКП  во вкупен износ од 80,2 милиони денари од кои :

„За субвенционирање на Годишните оперативни планови на ЈП за ПУП, ЈКП „Комуналец“ и ЈКП „Пазари“ планирани се 71,4 милиони денари, За подршка на Годишните инвестициони програми на ЈКП „Комуналец“ и ЈП за ПУП планирани се 8,8 милиони денари. Со реализирањето на Капиталните расходи од Буџетот за 2022 година , во бизнис секторот ќе бидат вратени приближно 3,3 милиони евра , што според нас ќе даде дополнителен импулс за заживување на локалната економија. Со сите овие зафати во Комуналната инфраструктура правиме напори да се подобри квалитетот на живеење во нашата Општина, а граѓаните како даночни обврзници да го почуствуваат бенефитот од редовното плаќање на даноците на имот и комуналните такси, односно да ја почуствуват локалната самоуправа како нивен сервис.„

Од вака проектираните расходи за 2022 година, од Буџетот на Општина Приле планирани е и  финансирање на надлежностите од локално ниво наменето за  финансирање на основното и средното образованието, се планираат расходи во вкупен износ од 679 милиони денари;финансирање на социјална заштита на деца и стари лица, каде се планираат расходи во вкупен износ од 137 милиони денари; За финансирање на Градска библиотека, чии планирани  расходи се во износ од 12.6 милиони денари и за финансирање на противпожарната заштита, од  општинскиот буџет се планираат расходи во износ од 30 милиони денари.

Со учеството на капиталните расходи во износ од 207 милиони денари или 39,27%, Основниот Буџетот за 2022 година има РАЗВОЕН карактер.„ – рече, градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески.

 

Со мнозинство гласови помина прелог одлуката за утврдување на вредноста на бодот за платите на административните службеници за 2022 година и одлуката за определување на висината на благајничкиот максимум. На денешната седница советниците ги усвоија програмите за субвенционирање на јавните комунални претпријатија и на месечните трошоци за вода на социјално ранливите категории на граѓани за 2022 година. Се усвои и Буџетскиот календар, програмата за доделување на еднократна парична помош, на секое семејство за новородено дете во Општина Прилеп за 2022 година и заклучок по Колективен договор за вработените во Општина Прилеп.

Советниците ја усвоија и Програмата за работа и развој со инвестициони вложувања и Финансиски план на ЈКП ,,Водовод и канализација’’- Прилеп, за 2022 година, како и одлуката за давање на согласнот на одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на плата.

На оваа седницата помина и финансиски план на ЈКП Комуналец Прилеп, за 2022 година, програмите за 2022 година на ова комунално претпријатие за инвестиции , за управување со отпад на територијата на Општина Прилеп, за одржување на јавна чистота, за одржување и користење на паркови, зеленило, парк-шуми и рекреативни површини, за подигање и одржување на зеленило. Исто така со мнозинство гласови беше донесена и Програмата за работа и одржување на градските гробишта и капела за 2022 година како и Програмата за работа на прифатилиште за бездомни кучиња.

Советниците на денешната седница го усвоија и решението за исправка на решението за именување на членови во управниот обдор на ЈП за ПУП, финансискиот план и програмата за работа на ова јавно претпријатие како и одлуката за давање согласност на одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платата за вработените.

Опозицијата на оваа седница поднесе три предлог амадмани, барајќи дел од средствата,  во висина од 12 милони денари наменет за премвремени вработувања,  да се пренаменат за субвенционирање на ладни оброци за учениците од основните училиште, од прво до четврто одделени, за набавка на три протипожарни теренски возила за потребите на ТППЕ Прилеп и за помош на млади кои сакаат да отворат сопствен бизнис. Тие ја критикуваа власта заради  нереализирани предизборните ветувања,  и бараа што поскоро донесување на ГУП  кој е  основен за донесување на ДУП за развој на локалниот бизнис и нови вработувња.

Инаку, редовната 6-та и последна седница  на Советото на Општина Прилеп , за оваа 2021 година , беше и прва седница на Советот на Оптшина Прилеп која се пренесуваше во живо преку социјалните мрежи.