11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Првото бебе во новата 2022 година во Прилеп е женско

Еден час после полноќ во новата година во одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ во Прилеп, се роди женско дете.

Мајката Ивона Смилеска истакна дека ова и е второ исто така женско дете.

„Многу сум среќна и благодарна од тимот на целата болница, посебно од докторката Изабела, пресреќна сум што на ваков ден добив втора ќеркичка“ рече мајката Ивона.

Доктор Изабела Чочева-Талеска исто така ги честиташе новогодишните празници и истакна дека во новата година на свет донесле живи и здрави две женски дечиња а третото било на пат.

„Првороденото бебе е женско, доносено дете 39-та гестациска недела, 3кг тешко и 47см долго во општа добра состојба“ изјави Д-р Неонатолог Лилјана Христоска.

Градоначалникот Борче Јовчески утринава ги посети мајката и бебето, и во името на Општина Прилеп им подари штедна книшка со 15.000 денари и други пригодни подароци за бебето.Им ја честиташе радоста на родителите за нивното второ дете со желби за прекрасно детство на малечката и да имаат многу љубов и среќа во нивното семејство, а воедно и на персоналот во прилепската болница им ги честиташе новогодишните празници, и како што кажа оваа нова 2022 година да ни биде бериќетна на сите сограѓани и на целата Општина Прилеп, да имаме добро здравје пред се и се разбира успех и просперитет во сите полиња.

 

 

Би можело да ве интересира

Од ноќеска започнува летното сметање на времето

Елизабета Филипоска

Младите го обновија древниот обичај ПРЕД БОЖИК: “Дева“ кој се празнува само во Крушево и во Витлеем (ВИДЕО)

Елизабета Филипоска

Се реконструира патот што ги поврзува општините Долнени – Чашка

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе