Почнувајќи од денеска па до крајот на европскиот ракометен шампионат кој се игра во Унгарија и Словачка , екипата на Радио Пела ќе го реализира серијалот на спортски емисии посветени на учеството на македонската ракометна репрезентација на оваа 15-та завршница во ракомет. Македонија на отворањето вечерва од 18часот игра против Словенија , репрезентација со која на европските првенства имаме две победи.Македонија двапати досега ги одмерила силите со Словенија на европските првенства во ракомет и два пати била подобра. На ЕП 2012 година во Србија, кога во мечот за петтата позиција Македонија славеше со 28-27, и вториот пат на ЕП 2018 година во Хрватска, кога Македонија беше подобра со 25-24
Во нашата програма во живо ни гостуваше тренерот на ракометниот клуб Горан Кузманоски – Таста кој рече дека на ова европско ракометно првенство , секоја репрезентација си има свои предности но дека нашата главниот адут го има во одбраната како клуч можеби на успех во настапите со селекциите на Словенија , Црна Гора и Данска.Во продолжение можете да го погледнете и разговорот со прилепскиот стратег и некогашен репрезентативец.
Инаку во текот на емисиите Радио Пела заедно со своите пријатели Тритекс и Витаминка за оние кои ќе ја играат наградната игра , да погодат колку голови ќе бидат постигнати на еден натпревар обезбеди вредни награди. Заедно на европско со Радио Пела , уживајте во наредните ракометни денови.