11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ЗАЕДНО НА ЕВРОПСКО – Гичева : За мене ракометот е еден танц – задоволство е што сум на паркетот на секој натпревар (ВИДЕО + ФОТО)

Со големо искуство во четири различни спортови но со една и единствена фокусираност во еден од нив , во ракометот , Мери Гичева Конески е една од најискусните во прилепскот ракомет која  , “дрма” каде и да се  појави на ракометните терени , сега во Косово. Вели дека вербата во овој спорт ја научило секогаш да биде максимално подготвена каде и да настапува а богами нејзината кариера има богат репертоар на клубови , дел во земјава , дел во странство.Гичева гостуваше во емисијата ЗАЕДНО НА ЕВРОПСКО со Радио Пела и во текот на разговорот се потсети на времето кога тренираше со Кометал Ѓорче Петров а не заборави да каже дека од тогаш па се до денеска не престанува љубовта кон ракометот . Таа истакна дека повеќе се заморува од приватната работа а ракометот ја опушта и ја тера да биде секогаш на нивото на задачата која и е зададена , дали против силен или послаб противник.Во пресрет на шампионатот во Косово каде настапува за екипата на Феризај , Гичева се подготвува во теретана на физичка издржливост а до првиот натпревар во продолжението од сезоната ќе работи и во сала.Таа и нејзините колешки од екипата се подготвуваат сами зошто тимот каде игра го сочинуваар ракометарки со големо искуство и ракометарки кои сакале или не мора да се подготвуваат во сопствена режија.

Во продолжение погледнете го и во целост гостувањето на прилепската ракометна гордост , Мери Гичева која и одлично го анализираше и настапот на македонскиот национален тим на ЕУРО 2022.

 

 

Би можело да ве интересира

Шокоски му донесе победа на РК Прилеп во последната секунда!

Гордана Цветаноска

Дарко Грозданоски e новот напаѓач на Победа

Елизабета Филипоска

Над 70 натпреварувачи на предновогодишен меѓуклубски турнир во џудо

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе