6.8 C
Прилеп
понеделник, 4 ноември, 2024
Пела Радио

Општина Прилеп доделува еднократна помош за секое семејство за новородено дете

Советот на Општина Прилеп на вчерашната седница донесе одлука за реализација на „Програма за доделување на еднократна парична помош, на секое семејство за новородено дете во Општина Прилеп за 2022 година“, со која се предвидени  средства во висина од  6000 денари на секое семејство за новородено дете во Општина Прилеп. За реализација на Програмата во Буџетот на Општината за 2022 година се предвидени средства во висина од 3.600.000,00 денари.

Средства за секое новородено дете ќе се добиваат преку поднесување на Барање од страна на родителите кое што заедно со копија од лични карти на родителите и нивна копија од жиро сметка ќе треба да се достават во Локалната самопуправа на Општина Прилеп.

Барањето кое што треба да се потполни може да го преземите на следниот линк,  или на веб страната на Општина Прилеп www.prilep.gov.mk/ во полето Е-УСЛУГИ, или истото да се потполни при самото поднесување на документите во локалната самоуправа.

Програмата за доделување на еднократна парична помош за секое семејство за новородено дете, беше едно од ветувањата на градоначалникот Борче Јовчески .

 

Би можело да ве интересира

Во ЈКП Комуналец Прилеп обвинувања за криминал на претходниот директор

Гордана Цветаноска

(ВИДЕО)Николоски: во рок од 4 г. ќе ги решиме сите инфраструктурни прашања во општина Прилеп

Пела Редакција

За неколку дена ќе се полни Вештачкото езеро

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе