7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Се решаваат дел од барањата на поранешните вработени од Еурокомпозит

Поранешните вработени во Еурокомпозит 11 Октомври Прилеп, од денеска започнаа со поднесување на барања до архивата од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Прилеп за пресметување на дел од пензискиот стаж за кој што повеќе години се водеа преговори. Во новите решенија на поранешните вработени ќе им бидат вкалкулирани повеќе од 7 години од нивниот работен стаж во Еурокомпозит 11 Октомври.  Станува збор за околу 300 поранешни вработени на кои им беше скратено правото на пензија за период од повеќе од 7 години или поточно од јули 2012 до септември 2019 година. Со тоа, секој поранешен вработен чие право беше ускратено, ќе има право на остварување на своето право на пензија, а оние кои го имаа остварено правото на пензија во периодот од јули 2012 до септември 2019 ќе добијат повисоки пензии.

Владата на 31 декември 2021 извести дека биле исплатени 1,7 милиони евра кон фондот на ПИОМ, на сметка на Еурокомпозит АД Прилеп, што беше едно од ветувањата на Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи кој што ги водеше преговорите со работниците од Еурокомпозит.

Дека постапката за добивање на нови решенија е започната денеска информираше пратеникот Миле Талевски со статус на социјалната мрежа:

„Од денеска, понеделник 07.02.2022 година, сите пензионери од фабриката „11 Октомври Еурокомпозит“ АД Прилеп, треба да поднесат барање до архивата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, со цел да им се издаде ново Решение во кое ќе им бидат пресметани заостанатите придонеси за периодот од мај 2012 до октомври 2019 година.

Би можело да ве интересира

Во Пелагонија пристигна поларната зима, – 22 во прилепско !

Гордана Цветаноска

Пожар во индустриска зона во Прилеп, кај Студенец и Дервен фатени дрвокрадци

Пела Редакција

Општина Прилеп и руската амбасада го одбележаа Денот на победата над фашизмот

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе