30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Донација од 10 компјутери во СОУ „Ристе Ристески Ричко“ Прилеп од Гентерм Македонија

СОУ Ристе Ристески Ричко Прилеп се поднови со нови 10 компјутери потребни за одвивање на образовниот процес во ова средно училиште преку донација од компанијата Гентерм Македонија. Веќе трета година прилепскиот средношколски центар „Ристе Ристески Ричко“ соработува во рамките на дуалното образование со Гентерм како партнер компанија преку теоретска настава во училиштето, а практичната обука учениците ја изведуваат во компаниите од реалниот сектор.

🇲🇰🇲🇰🇲🇰 Гентерм Македонија Ви благодариме од ❤️ за вашата нова донација од десет компјутери за нашето училиште. Среќни сме што имаме можност за соработка со општествено одговорна и успешна компанија, но уште посреќни бидејќи со вашата донација ги подобрувате условите во нашето училиште и иднината на учениците 🇲🇰🇲🇰🇲🇰, се заблагодарија на социјалната мрежа ФБ од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ Прилеп. 

Би можело да ве интересира

Шест новозаразени лица од ковид-19 регистрирани во Прилеп

(ВИДЕО) На 10 тиот ден од протестите се огласи претседателот на прилепското здружение на пензионери

(ВИДЕО) Центарот за услуги во Прилеп ја доближува дигитализацијата до секој граѓанин

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе