Во рамките од 19. коло во Суперлигата вечерва во СОУ Ристе Ристески Ричко во Прилеп, ракометарите на Вардар 1961 без поголеми проблеми дојдоа до победа против Прилеп од 20:34 иако играа во комбиниран состав.
Уште од стартот од минута во минута Вардар ја зголемуваше предноста, па така после првите 30 минути игра резултатот веќе беше 10:22. Во второто полувреме Вардар го намали ритамот, но ниту еднаш не ја испушти двоцифрената предност.
Најефикасни ракометари на овој дуел се од домашната екипа Христи Бикоски и Давор Шокоски постигнаа по шест голови. Кај Вардар најефикасни Јан Чувара (пет), додека по четири постигнаа Мартин Карапалевски, Дарко Џукиќ, Стефан Атанасовски и Ален Ќосевски.