30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

За подобрување на социјална заштита потребна е поголема меѓусекторска соработка !

Како да се подобри пристапот до социјалните услуги за остварување на правата од социјална заштита на граѓаните. Колку може граѓанскиот сектор да помогне во детектирање на проблемите и изнаоѓање алатки, средства и можности во оваа област за поддршка на институциите на централно и локално ниво? Чекор напред во подобрување на пристапот до остварување на правата од социјалната заштита е примерот на соработка меѓу невладината организација ЛАГ АГРО ЛИДЕР со институциите како што се Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Прилеп, ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески Платник“ Прилеп, како и со локалните самоуправи Прилеп, Долнени и Кривогаштани.

На иницијатива на ЛАГ АГРО ЛИДЕР подобрени се условите во Домот за стари лица во Прилеп, овозможена е поддршка за практикантска работа на млади во МЦСР Прилеп, отворени се две канцеларии како продолжена рака на Центарот во Долнени и Кривогаштани. Од неодамна започна да функционира и платформата Е – HELP за информирање во врска со правата во областа на социјалната заштита.

Какви се можностите за продлабочување на соработката меѓу граѓанскиот и јавниот сектор разговаравме со Марина Тошеска од ЛАГ АГРО ЛИДЕР и Дејан Тошески, директор на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Прилеп.

 

 

Би можело да ве интересира

Две лица загинаа во тешка сообраќајка кај Камен дол, на патот Росоман – Прилеп

Пела Редакција

Потрагата по прилепчанецот Виктор Илиоски заврши – пронајден е починат

Пела Редакција

Утре ( понеделник) автобуската линија еден на Јавниот градски превоз – Прилеп нема да сообрајќа

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе