-3.2 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

ДВА ПРЕСВРТА ЗА ТРИУМФ НА ВОСКА ВО ПРИЛЕП

Интересен пријателски натпревар имаа второлигашите, прилепска Победа и охридска Воска. На Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп паднаа пет гола, а гледачите видоа меч со пресврти. Гостите поведоа во 33. минута со голот на Бехар Фета, а домашните израмнија преку новодојдениот Атхе Мазари во 36.

Домашниот состав, иако некомплетен поради отсуство на повеќе првотимци, успеа да дојде до водство преку Давид Јошески во 58. минута. Но тука не завршија возбудувањата. Во 63. и 69. минута охриѓаните дадоа голови преку Изаир Емини и Љупчо Трпески за конечни 2:3 во полза на Воска.

Тренерите, Димитар Капинковски и Раде Цицмиловиќ последен пат ги тестираа екипите за првенствените натпревари на 19 февруари, кога Победа му гостува на Братство Житоше во групата Исток, а Воска на Кадино во Скопје, во групата Запад.

 

Би можело да ве интересира

ПОРАЗ НА ПРИЛЕП ВО БИТОЛА

Елизабета Филипоска

ПРИЛЕП ГО СОВЛАДА СКОПЈЕ, ЈА НАДМИНА СТРУГА

Дефинитивно, Македонја оди на Мундијал во Египет

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе