11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Измамена цвеќарка – не и’ го наплатиле цветниот аранжман!

Вчера, на 14.02.2022 во ОВР Прилеп, 52-годишна сопственичка на цвеќарница во Прилеп пријавила дека
била измамена од едно лице, кое телефонски нарачало неколку цветни аранжмани.  Тоа тврдело дека  наводно цветните аранжмани ќе бидат платени откако ќе бидат доставени преку  такси возило на одредена локација во Битола. Цвеќарката ги подготвила аранжманите и  ги доставила до одредената адреса.

Но, несеќата да биде поголема, според пријавеното во полиција, лицето нарачател, дополнително побарало од цвеќарката, преку таксистот да му даде 14.500 денари кои, наводно, подоцна ќе  и ’ бидат вратени на цвеќарката. Цвеќарката постапила според договореното, но парите не ѝ биле вратени.  Кога сфатила дека е измамена пријавила во полициската станица во Прилеп.

Полицијата  презема мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Двајца повредени во сообраќајна несреќа на патот Битола – Прилеп

За “влакно“ избегната трагедија – се запали куќа во која ќе изгореа две деца

Елизабета Филипоска

14 возачи под дејство на алкохол на територија на СВР Битола

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе