3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Порастот на трошоците е неиздржлив – состојбите во тутунопроизводството и земјоделството се алармантни!

Прес конференција денеска одржаа претставниците од новоформираните тутунски здруженија, на која ги повторија барањата кои како заклучоци беа донесени на трибините што се одржаа во Прилеп, Радовиш, Конче и Могила. Тоа се:

– покачување на цените по класи, сразмерно на покачувањата на трошоците, на репроматеријалите, на ѓубривата, односно трошоците за производство, но и сразмерно на покачувањата на трошоците за живот.

– линиеарно субвенционирање на секој произведен, предаден тутун, по сите класи, вклучително и дополнителната класа на цена од 90 денари.

– вклучување на тутунарите, итно, и тоа да важи и за оваа реколта во мерката зелена нафта.

Барањата се поднесени до надлежните институции: Министерството за земјоделство, Премиерот на државата, откупувачите и до Сојузот на земјоделски здруженија. Игор Мирчески координатор на новоформираните здруженија вели дека изјавата на Менде Стомнароски според која ќе има мало и незначително зголемување на цените за новата реколта дополно ги револтира земјоделците, бидејќи зголемените цени на репроматеријалите, ѓубривото, на нафтата нема да овозможат рентабилна тутунска продукција .

– Претстојната тутунска реколта ќе биде вонредна, бидејќи нам како држава ни се случуваат ситуации кои што ние како држава не можеме да ги превенираме. Заради тоа ние ќе имаме и финансиски и економски кризи. Неблагодарно е откупувачите да оперираат со цени за производство кое ќе го пласираме во јануари наредната година. Кој ќе тврди според овие трошоци кои се во моментов, а се зголемуваат секојдневно, дека вредноста на тие цени по класи ќе има некаква вредност во декември или јануари. Дали инфлацијата може да доведе тие цени да бидат обезвреднети. Затоа, апелираме и до премиерот, до министерот и до откупувачите сериозно да ги земат во предвид нашите барања и препораки и да се вклучат во нивно решавање и соодветно да превенираат, да не бидат и тие учесници во уништувањето на цела една тутунска индустрија, во уништување на тутунопроизводството но и во дополнително осиромашување на 30 илјади семејства кои во моментов егзистираат од производство на тутун, посочи Мирчески.

Апелираат Сојузот на земјоделски здруженија да ги земат во предвид овие барања, бидејќи токму тие се овластени претставници кои треба да ги штитат тутунарите, а ако не, да го вратат овластувањето дадено од државата.

– Ако државата не ги превенира овие состојби кои се алармантни. И не само тутунопроизводството, туку во целокупното земјоделство кое се наоѓа во катастрофална состојба со оглед на порастот на трошоците не ја исклучуваме можноста да повикаме на генерален штрајк.Оваа ситуација е неодржлива – не можеме да произведуваме со олкави зголемени трошоци, а намелени цени за продажба, вели Мирчески.

Тутунарите алармираат дека им се прават притисоци – не им биле склучувани договори, а  некои отпупни компании бараат тутунарите да го намалат производството.

 

Би можело да ве интересира

За малиот Марко хуманитарен настан на Камената бина во Прилеп

Пела Редакција

Нов протест – нова дилема!Има ли гласност работничкиот штрајк на Еурокомпозит?!

Елизабета Филипоска

Бомбата била активирана, но се изгаснала

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе