29.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Зоран Кочоски нов претседател на Противпожарниот сојуз на Македонија

Прилепскиот бизнисмен Зоран Кочоски е назначен за претседател на Републичкиот Противпожарен сојуз со назначувањето на новото раководство по неколкугодишна неактивност на оваа организација. Очекувањата се заживување на  сојузот со це омасовување и интензивирање на активностите на сите нивоа од доброволното пожарникарство во Македонија.

Кочоски е сопственик  на КОУЗОН, компанија која што работи на посредување за вработување, особено за младата популација.

„Имаме спремност максимално да се посветиме на враќањето во функција на доброволното пожарникарство во Македонија и да ги примениме сите Европски стандарди во овој сектор. Ако сакаме да бидеме дел од Европскиот систем за заштита и спасување, час поскоро треба да поставиме нова национална стратегија и да го омасовиме доброволното пожарникарство во Македонија. Процесот ќе бара активно вклучување на државните институции во овој сегмент и будење на свеста кај еден дел од популацијата дека се што постои во Македонија е наше и мораме да се потрудиме да го заштитиме“ – потенцираше новоизбраниот претседател на Сојузот  Зоран Кочоски.

Противпожарниот сојуз на Македонија постои од 1836 година и низ изминатите 186 години од постоењето поминал низ повеќе етапи на развој.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Зошто Први Мај се слави како Ден на трудот?!

Предупредување за движење – боево гаѓање во Општина Кривогаштани

Во Прилеп за 10-на дена ќе се отвори Центар за масовна имунизација

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе