Конструктивни забелешки и предложени решенија – граѓаните бараат безбедни пешачки зони и паркинг простор. Зоран Јовески , дир.на ЈП за ПУП вели дека тие во рамките на нивната дејност работат исклучиво по донесените одлуки од Советот на Општина Прилеп .А граѓаните согледуваат, бараа, предлагаат решенија за побезбеден пристап.
„Пречи паркингот позади хотел Скопје од стара катна до участок, од Шарена чешма и новата катна накај џамијата. Потполно непотребни паркиралишта бидејќи се наоѓаат веднаш до катни гаражи, небезбедни се и невозможно е движењето на пешаци посебно деца, бидејќи сообраќајната култура ни е на нула , а и сообраќајните решенија исто така ! Што ќе направи јавното претпријатие во однос на овој проблем кој го грди ликот на градот?-прашува Даниела Тренкоска
„Да го затвори паркингот кај хотел Скопје и трајно да забрани паркирање од катната гаража накај истиот. Да се забрани паркирање околу џамијата во центарот и да профункционира веќе постоечката пешачка зона, а не да изгледа тоа како плац за продавање половни автомобили.Како за почеток, да речиме, проекти шо чинат 0 мкд. – предлага БорчеКолароски
„Сите пешачки пристапи околу основните и средните училишта да се ослободат од паркирани возила, како би се зголемила безбедноста на учениците. ОУ Кире Гаврилоски, ОУ Климент Охридски и ОУ Кочо Рацин се целосно блокирани со автомобили.-бара неформалната гурпа Прилеп на Точак„
ПАРКИНГ ПРОСТОР И ПЕШАЧКИ ЗОНИ- ХАОТЧЕН ОДНОС…
Јовески (13.03 мин. ) : „Советот одлучува дали јавните површини ќе бидат паркинг или пешачка зона. Ингиренциите на ЈП за ПУП му ги доделува Советот на Општина Прилеп, што незначи дека ние овие предлози од граѓаните нема да им ги предложиме на Советот …“
Претпријето располага, вели тој, со 13 паркинзи поделени во три зони и со 1050 паркинг места, драстично намален со 350 кои се изгуби со изградбата на булеварот Гоце Делчев .Посоти А созната ,3 зони од затворен тип, а останатите паркинг простори се на улиците. За 30 ден. паркинг имате не ограничено паркинг место.,вели Јовески
Решенијате,вели тој се во зголемување на паркинг простори, на два нови паркинг површини , позади хотелот Липа и позади театарот, изградба на две монтажни гаражи , модернизацина на паркинзите од затворен тип, со поставување рампи, апликација на телфони итн и како четврт предлог со поместување на временската рамка на паркирање ,односно времето на користење на паркинг просторот од 4 да се намали на два часа
Јовески : „Анализиравме дека потребен е еден до два часа на еден граѓанин да ги заврши своите услуги во центарот на градот. Тоа би се значесло наместо 30 денари за 4 часа паркинг, би било 30 денари за 2 часа паркининг. Целта е да има поголема фреквенција на паркинг.Да ствриме двојно повеќе места. со намалувањето на времето на паркирање. Воедно Планирано е да се набават електрични превозни средства за достава на стока, за воопшто да не влегуваат со комиончињата и автомобилите во пешачките зони кај Кочо Рацин или другата страна на пазарот
ПАЈАК СЛУЖБА – ВО ДЕФЕКТ
Граѓаните бараа да се отстранат хаварисаните возила зафрлени по споредни улици и маала
Јовески: „ Во моментот пајакот е расипан. За неколку дена ќе биде ставен во функција. Но, претрпијатието нема ингеренции да крева возила, бидјеќи нема ингеренции да утврдува дали возилата оставени на тророарите се хаварисани или се погрешно паркирани. За хаварисаните возила има комунален инспктор кој ја уттврдува состојбата со возилото, а за погрешното паркирање се грижи полцијата,по што интервенира пајак службата.
БЕЗБЕДНИ ПЕШАЧКИ ЗОНИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ – МОЖНИ ЛИ Е?!
За сообрајќаните решнија во градот поврзани со локации каде што се основите училишта, граѓаните загрижени за (не) безбедноста на децата па сугерираат , предлагаат и бараат од општинските власти да се изнајдат решенија поради секојдневните проблеми со кои се соочуваат,па велат
„Ул. Александар Макдонски од почеток до раскрсницата Чумовчанец итно да се обезбеди таа улица ја користат деца кои учат во Рампо Левката а живеат кај Сточен Пазар. Поради тоа што децата немаат превоз од училиште до дома во во било кое време само на 6ти час за малите и 7ми час за големите децата со помалку часови си одат пеш до дома . Значи улицата итно да се обезбеди со современи тротоари од двете страни улично осветлување и пешачки премини цела таа улица има само 2 пешачки премини и тоа едниот е кај Раскрсницата Чумовчанец на семафорите и другиот е кај раскрсницата со Димо Наредникот исто така кај семафорите. Од тука до крајот на улицата ниту пешачки ниту Осветлување како што треба. Скелињата да се отстранат од тротоарите и да се обезбеди со високи тротоари или стубчиња да не се користи тротоарот за паркирање автомобили. НАПОМЕНУВАМ!! ДЕЦА ЈА КОРИСТАТ ТАА УЛИЦА ЗА ДА ОДАТ НА УЧИЛИШТЕ И ДА СЕ ВРАЌААТ ДОМА. Благодарам- пишува до нашата редакија , Ирена Дамјаноска- Змејкоска
„Da se namestat stubcina na trotoarot kaj zadnata porticka na ucilisteto Kire Gavriloski,za decata da ne bidat primorani da se dvizat po ulica od premnogu parkirani vozila na trotoarot, i na istata ulica pesacki premin kaj movceto i lezecki policaec. Ako ima potreba ke vi pratam i sliki da vidite kako izgleda trotoarot koga decata se nosat ili zemaat od uciliste„ ни пишува Кристина Насеска
А, Гоце Блечески предлага: „Школски автобус за учениците од Кире Гавриолски, бидјеќи таму е хаос од автомобили„
Јовески (17,40) вели.: Во моменто работиме изготвување на проектни решенија за три кружни текови: кај двосмерната улица „Димо Наредникот“, кај „ученичкиот дом кај Точила и во центарот кај деветокатиницата. А, граѓаните за горенаведние сообрајќани решенија и предлози треба да поденсат барање до општината и општината заедно со полицијата да изврши врши обелжување, поставување на „легнати полицијаци„ ,ступчиња на тротоарите и сл. за заштита на децата кои одат и се враќаат од училиште„
ЈАВЕН ГРАДСКИ ПРЕВОЗ – Како функционира Јавниот градски превоз?
Јовечски : „ Во градот функционираат 3 линии. Вкупно се одобрени 5. Двете не’ функционираат , бидјеќи сообрајќаат на места каде што е потребно да сообрајќаат помали автобиси поради тесниот дел на улиците. Во мометот имаме 4 автобуси на метан, и се соочуваме со цената на метанот.од ланскаа просечна цена 37 ден, годинашната достигна 110 ден, односно 100 ден. Па, планраните средства за метан , за овие 4 автобуси, ако минатата година беа предвидени 2 милион и 900 илијади денари, со промената на цената на метанот, 78 кг. метан, колку што годишно трошат овие автобуси , би чинело 8 милиони и 600 илијади денари со што се соочуваме со кусок на средства за постојните линии. Што се однесува до покачувањео на цената на јавниот градски превоз поради покачувањето на цената на горивата,ерално тоа се пазарни ниски цени и Советот го има правото да ги покачи цените или намали врз основа на можноста да с есубвенционира јаниот градски превоз.„