ЖРК Деспина отпатува на гости кај екипата Ѓорче Петров и очекувано се врати со пораз ( 29:22) , иако на стартот од натпреварот девојките покажаа отпор, па домаќинките речиси 3 мин. немаа постигнато гол. Но, по 10 минута, играта премина во рацете на посилниот ривал, така што ракометарките на Деспина до 20 тата минута од натпреварот имаа постигнато само 3 гола , за на полувреме да се замине со резултат 18:7 за Ѓорчепетровки.
Второто полувреме, девојките на Страшо Илиоски, го започнаа посигурно, со подобра одбрана и реализација па веќе во 20 минута имаа постигнато 10 гола, а резултатот на семафорот беше 25:17, за крајот на натпреварот да заврши 29: 22. Ако девојките на деспина играа како што играа во второто полувреме Ѓорчепетровки со сигурност ќе водеа тешка битка за победа, зашто ако во првото полувреме прилепчанки постигнаа 7 гола, второто беше изненадување и пресвртница со постибнат 15 голови на контото од ЖРК Деспина.
Најефикасни во редовите на Ѓорче Петров беа Николиќ со шест гола и Велкова со пет ,а во екипата на Деспина , Елена Риплиоска со осум гола и по четири постигнаати голови Цветковска Сања и Камчевска Ангела.