11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Одбележани 157 години од раѓањето на македонскиот револуционер, прилепчанецот Ѓорче Петров

По повод 157 години од раѓањето на македонскиот револуционер, идеолог на Македонската револуционерна организација,  професор и публицист, делегација од Општина Прилеп и Советот на општина Прилеп,

како и делегации од СОУ „Ѓорче Петров“, кое го носи името на револуционерот, преставници од Сојузот на борци од Прилеп и од ОК на ВМРО- ДПМНЕ – Прилеп положија свежо цвеќе и се поклонија пред споменикот на истакнатиот револуционер во центарот на градот и пред неговатан родна куќа во населбата Варош.

Ѓорче Петров е роден на 2 април 1865 година во Варош, Прилеп а загинал на 28 јуни 1921 година во Софија. Прилепскиот револуционер и поборник за создавање на саомостојна македонска држава, Ѓорче Петров, чие  целосно име е Георги Петров Николов, бил професор, публицист, историчар, идеолог на Македонската револуционерна организација.
Се школувал во Прилеп, Битола, Солун и во Пловдив.  Бил учител во Штип.
Основал повеќе револуционерни групи и кружоци на МРО . Член бил на Централен комитет на МРО. Бил задграничен претставник на ТМОРО, заедно со Гоце Делчев, во Софија(1897–1901). Во Илинденското востание предводел чета во Прилепско и во Мариовско. По востанието останал во Македонија и работел на обновувањето на организационата мрежа, учествувал на Прилепскиот, Струмичкиот и Рилскиот општ конгрес.
Во времето на Балканските војни и на Првата светска војна бил на служба во Серез, Битола и Драма. Член бил на Привременото претставништво на бившата ВМРО,  противник на врховизмот и на делбите на Македонија на Версајската конференција. Ѓорче Петров бил убиен по наредба на Тодор Александров на 21 јуни 1921 година во Софија, Бугарија.

Ѓорче Петров бил неуморен борец за македонската кауза и за самобитна Македонија, а неговата животна
парола останува вечно да не потсетува за нашето постоење: „Македонија и нејзината иднина секогаш се во рацете на македонскиот народ.“

Би можело да ве интересира

Извидниците од Прилеп со нов проект – „Извидничко движење за подобар свет“

Гордана Цветаноска

Тутунарите (земјоделците) молчат гласно!

Гордана Цветаноска

Прилеп конечно доби проект за нов театар

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе