3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Митрески: Прилеп може да биде енергетски независен!

Можеби некому звучи како имагинација, за некого е тоа недостижна иднина, но сегашноста сите не’ притиска под притисок на економската и енергетската криза. Практичарите, луѓето кои работат во сферата на искористување на енергијата што ја добиваме од сонцето, веруваат дека тоа е решението за справување со актуелната енергетска криза.

Со Зоран Митрески – бизнисмен, експерт за фотоволтаични системи кој воедно беше и кандидат за градоначалник на општина Прилеп на последните локални избори, во програмата „Радио што се гледа“ разговаравме на тема: како Прилеп да биде енергетски независен, како и за неговото искуство во политиката!

 Ние имаме своја сопствена енергија и наместо да се концентрираме на тоа, ние се концентрираме од каде да купиме енергија! 

Митрески: Како кандидат за градоначалник,  ми беше идејата да преземам активности доколку успеав да бидам градоначалник за да ги ублажам тие недостатоци за енергија. Во план ми беше да се изгради соларна зона затоа што имаме тука во Прилеп перфектни услови за изведба на тие соларни системи, почнувајќи од Плетвар, Прилеп, Битола, Пелагонија воопшто. Ги имаме тие природни услови кои што не се искористени за жал. Енергетската криза, фирмите што се занимаваме со таа дејност, ние знаевме како и оние сите министри и советници во Владата пред да се случи таа криза, ги имаа тие основни информации дека би се случило тоа нешто. Меѓутоа, овие неколку месеци се катастрофални во стопанството кај нас баш поради таа енергетска ситуација. Енергијата е енормно зголемена во однос на минатата година ова време  кога беше 40 евра за мегава час, а денес конкретно е 203, 3 мегават час. Ние сме приклучени на унгарската берза, при што може да се следи и се разликуваат вредностите од час во час. Имаше период кога цената достигна 500 евра за мегават час.

Тоа е неподносливо за било кое стопанство. Оние влади кои презедоа соодветни мерки за надминување на кризата, односно обезбедување на енергија од свои извори, тие би ја надминале оваа криза најбезболно. Оние влади кои се надеваат на евтина енергија која би ја добиле некои странски енергетски компании нема тоа да се случи. Ние имаме своја сопствена енергија и наместо да се концентрираме на тоа, ние се концентрираме од каде да купиме енергија, тоа е нон сенс!

– Ако лани повратокот на инвестицијата во фотоволтаични системи беше од 8 до 10 години, денес е од 2 до 3 години

Митрески: Мислам дека се штитат бизнис интереси на некои моќници овде кај нас. Не верувам дека генерално се променила таа свест од минатата година до сега, или последниве години. Дури и самите сопственици на фирми, на разни презентации сме им сугерирале под итно да преминат на производство на електична енергија од сопствени извори, соларни системи на нивните покривни површини со што би ја ублажиле таа енергетска катастрофа која што во овој момент владее. Меѓутоа, тие во тоа време се чувствуваа комфорни затоа што тогаш цената што ја добиваа беше 2, 7 или 3 денари при што повратокот на инвестицијата, зашто така тие планираат како повраток на инвестијата и во тоа време би била од 8 до 10 години. 

Денес, кога би ја плаќале таа енергија на отворен пазар, според берзата каде цената се движи од 200 до 500 евра, повратокот би бил 2 до 3 години!

Сите бараат – не да се изведи системот утре, туку да се инсталира вчера!

Митрески: Сега се соочуваме со друг проблем – сите бараат сопствена енергија, инсталација на тие соларни системи за производство, но ние немаме капацитет. Сите бараат не да се изведи системот утре, туку да се изведи вчера! И тука веќе се појавуваат разни фирми кои никогаш не се занимавале со оваа дејност. Во Македонија постојат 10 тина навистина квалитетни фирми кои можат да ја преземат сета таа активност од почеток и да ја дотераат до крај со изведба на квалитетна централа. Има фирми кои се вклучуваат во овој бизнис но, не ги знаат правилата.

Моето мото е евтина енергија, евтин производ, моќна економија 

Целото интервју со Зоран Митрески проследете го на следниот линк:

Би можело да ве интересира

На одредени ловишта евидентирана африканската чума кај дивите свињи

Пела Редакција

Без струја (28 јули) ќе останат неколку фирми во Кривогаштани и села во Прилеп

Заврши гласањето на двојните избори – навремено се затворија гласачките места во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе