10.7 C
Прилеп
недела, 30 март, 2025
Пела Радио

Новаци донесе програма за управување со животна средина и влијанието од енергетскиот сектор во општина Новаци за 2022 г

На денешната седница на Советот на Општина Новаци советниците разгледаа околу триесеттина точки на дневен ред и  усвоија неколку документи : Предлог измени на Програмата за управување со животна средина во однос на влијанието од енергетскиот сектор во општина Новаци за 2022 година и Оперативен план за заштита и одбрана од поплави за 2022г.од страна на АД Водостопанство на РМ – Подружница Битолско поле-Битола.

Советниците дадоа  согласност за потпишување на меморандум за соработка меѓу општина Новаци и лицата  Рамазан Тезџан и Ахмед Корпулуоглу како промотер на општина Новаци, а ја разгледаа и програмата од ЗФК Новаци 2005 од Новаци за пролетниот дел од натпреварувачката сезона и дадоа позитивно мислење.

 На деншната седница беше дадено и „зелено светло“ за  доделување на еднократна парична помош по различни основи : за лекување, за реконструкција на цркви и манастири, поправка на селскиот водовод во с.Долно Орехово, поилки во Живојно, црево за вода во с. Скочивир, за одбележување на верскиот празник Велигден во с. Далбеговци …

Би можело да ве интересира

6000 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЕ ПРВАЧЕ ВО ОПШТИНА НОВАЦИ

Гордана Цветаноска

НОВИ ТРОТОАРИ И АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА ЗА ГОРНО И ДОЛНО АГЛАРЦИ

Елизабета Филипоска

Младински клуб за младите во с. Гермијан

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе