28.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Џудо тренерот осуден на 20 години затворска казна за обљуба на малолетни девојчиња

Казна затвор од 20 години доби 47 годишниот прилепчанец, џудо тренер Рубин Пеески, обвинет за обљуба на четири девојчиња на кои им бил тренер.

Воедно, според портпаролот на прилепскиот Основен суд, Жарко Велески, на Пеески му е изречена и забрана за вршење професија, дејност, од 10 години.

– Осуден е за две продолжени кривични дела – обљуба со злоупотреба на положбата по член 198, став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45, став 1, од Казнениот законик, како и за  две кривични дела обљуба со злоупотреба на положбата по член 189 став 2 во врска со став 1 од КЗ. Осуден е на единствена казна затвор од 20 години. Исто така, му е изречена забрана за вршење професија, дејност во траење од 10 години, изјави Велески.

Според обвинението, Пеески во текот на 2020 година во Прилеп и на други места, заради задоволување полови страсти, со злоупотреба на својата положба, извршил полови дејства врз деца кои наполниле 14 години. Станува збор за 4 девојчиња, ученички на кои им бил тренер.

Минатата година јавноста дозна за случајот кога во полицијата пријавиле родителите на едно од злоставените девојчиња, а потоа истрагата открила уште 3 жртви на тренерот.

Би можело да ве интересира

Фатени крадци во Прилеп при извршување тешка кражба

Две млади лица се уапсени поради тоа што кај нив била пронајдена дрога

Пела Редакција

На патот Градско-Прилеп се случи сообраќајна несреќа при судри на „матиз“ и „пежо“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе