14.3 C
Прилеп
вторник, 22 април, 2025
Пела Радио

ДЕСПИНА ИМ ГИ “ДАДЕ„ БОДОВИТЕ НА СТРУЖАНКА

Девојките на Страшо Илиоски, не успеаа на домашен терен да ја совладаат екипата на Стружанка, која допатува во Прилеп со желба да ги освои трите бода во плеј-офот од Женската лига во 8. коло. Иако ракометарките на Деспина во првиот дел од натпреварот имаа водство, сепак Стружанки се покажа посупериорна и на полувреме имаше предност од 10:13 .

Во второто полувреме  Стружанка ја продолжи серијата од  првиот дел и стигна до седум гола позитива, па резултатот по завршувањето на натпреварот беше 20:27 за гостинската екипа.

Во домашниот тим најдобар стрелец  беше Елена Рипилоска со 12 погодоци, а најефикасна во составот на Стружанка беше Магдалена Делиоска со девет гола, а шест постигна Ивана Затуроска.

Би можело да ве интересира

ЖФК ДЕСПИНА е на пат да го донесе првиот пехар на државен првак.

Елизабета Филипоска

ПРИЛЕПЧАНИ ПОРАЗЕНИ ОД ПЕНАЛ ВО СТРУГА

Гордана Цветаноска

Во Прилеп по 10 пат меѓународен турнир „Прилеп – Град Херој“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе