29.7 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

ПРИЛЕПЧАНИ ПОРАЗЕНИ ОД ПЕНАЛ ВО СТРУГА

Драматичен натпревар беше меѓу Струга и Прилеп во 18. коло на машката ракометна Супер лига. Главно беше рамноправна игра, па одлучуваа нијанси. Така, на полувремето водеа домашните со 12:10, меѓутоа во последната минута се влезе со 21:21. Стружаните од својот последен напад изнудија пенал, кој претворен во гол произезе дека значи триумф од 22:21. Прилепчаните имаа малку до време крајот, недоволно за да израмнат. Така, натпреварот го доби Струга и се искачи на 9. место од табелата, каде досега беше Прилеп.

Следното коло е в среда кога Прилеп дома игра со шампионот Вардар, а Струга е гостин на Еурофарм Пелистер 2 во Битола.

Би можело да ве интересира

По девојките, со максимален учинок и јуниорите од ППК Младост 96

(Видео) Убава вест – Мартин Јованоски, првак на Светскиот куп во Турција

Даноска претставник на Македонија на Европскиот зимски младински фестивал

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе