19.2 C
Прилеп
четврток, 24 април, 2025
Пела Радио

Водата во Крушево е загадена, да се преврива или да не се користи воопшто!

Водата во Крушево е загадена, да се преврива или воопшто да не се користи, информира градското комунално претпријатие.

Се очекува проблемот да биде надминат до вечерва.

При миење на резервоарите заради неисправен вентил е предизвикано истекување на нечиста вода, посочуваат од ЈП „Комуна“ Крушево од каде екипи работат на санација  на улиците: „Томе Николе“, „Тодор Проески“, „Никола Карев“, „Ќиро Фетак“, „Коча Миленку“, „Партизанска“, „Манчу Матак“ и „Питу Гули“  .

ЈП „Комуна“ Крушево се извинува за овие непријатности и апелира на почитување на препораките.

Би можело да ве интересира

Македонскиот петти оф роуд во Крушево е во тек

Пела Редакција

ЈКП „Комуна„ од Крушево ја подобри наплатата за вода и хигиена, и ги намали загубите

Елизабета Филипоска

Саем на книгата во Крушево

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе