11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

РАБОТНИЧКИ Е НОВА „ЖРТВА“ НА ПОБЕДА?

Интересно е првенството од Младинската фудбалска супер лига, со оглед на борбата за титулата помеѓу скопски Вардар и прилепска Победа. Вардар е прв со 52 бода, пред Победа со 50 и натпревар помалку. Така, неизвесноста продолжува и секое коло е важно. Викендов вниманието е свртено кон дуелите Пелистер – Вардар и Победа – Работнички. Дали Работнички е нова „жртва“ на Победа? Дали Пелистер може да го изненади Вардар? Работнички е на 12. место со 11 бода, а Пелистер на 6. со 32. Мечот во Битола се игра в сабота во 14 часот, а во Прилеп в недела во 12.

 

ОСТАНАТИ МЕЧЕВИ 23. КОЛО: Брегалница – Скопје, Ренова – Кул здравје, Академија Пандев – Њу старс, Шкупи – Македонија.

 

СПОРТСКИ ВИКЕНД:

 

ФУДБАЛ

Втора лига – Исток, 27. коло (сабота 17 ч.):

Братство – Осогово (игралиште Могила во Прилеп), Слога – Победа, Кожуф – Беласица, Детонит – Саса, Пехчево – Локомотива.

 

Трета лига – Југ, 18. коло (недела 17 ч.):

Питу Гули – Росоман, Марена – Превалец, Обршани – Вардар, Младост – Бучин, Ново Црнилиште – Слога, Големо Коњари – Возарци.

 

Прва женска лига, 19. коло (сабота 17 ч.):

Деспина – Ас унитед (игралиште со вештачка трева во Прилеп), Љуботен – Борец, Скопје – Шкендија, Саса – Истатов (12 ч.), Тиверија –Топ гол (13 ч.), Речица – Атлетико (16 ч.).

ШАХ

Брзопотезен турнир „Прилеп мај 2022“ (простории на ШК Прилеп во Стара чаршија, недела 10 ч.)

Извор:www.shampion.mk

Би можело да ве интересира

Прилепските фудбалерки полусезоната ја започнаа со победа

Елизабета Филипоска

Без тренер Победа триумфираше во Кочани

Гордана Цветаноска

Дно во македонскиот женски ракомет (Видео)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе