На 28 мај ќе се оджи Оpen beauty Hair Fest Prilep 2022 , единствен фестивал за промоција на фризерскиот занает, кој се организира во Македонија. Организатор на фестивалот е Здружението за настани, манифестации и едукации ПРОЕВЕНТ – Прилеп во соработка со Секцијата на фризери, бербери и козметичари – Прилеп.
Директор на фестивалот , Крешимир Здравески – Крешо истакна дека оваа година фестивалот, кој по содржина е единствен во Македонија посветен нa фризерско -козметичкиот занает, е продолжение на досега направени два фестивали од ваков вид во Прилеп, „но сега ребрендиран и подигнат на високо професионално ниво„. рече тој.
Фестивалот има ревијален и едукативен карактер, а со оглед на тоа што доаѓаат и преставници од други држави има нота и на меѓународен фестивал.
Фестивалот е замислен со сценски настапи на фризерите и штандови на кој ќе се претстават еминентни светски брендови за производи на нега на коса, опрема и алати, како од Македонија така и од Италија, Србија. Учество ќе земат над 60 лица кои ќе продефилираат на сценкот настап со свои креации.
„Сценскиото шоу е настап на еминентни фризерски имиња од Македонија и специјални гости кои ни доаѓаат, два тима од Србија, европски и светски носители на награди и едукатори во областа на фризерството, забава, на која ќе се дружиме и дополнително ќе ја збогатуваме меѓусебната соработка . Фестивалот ќе започне од 11ч. со дел посветен на нашите најмили ,насловен како „Фризерско детско шоу „ настан на кој ќе има многу забава, изненадувања и едукации, а од 13ч. започнува делот со настапи на тимови од: СОУ Ѓ. Петров насока фризери и козметичари, Теса бјути академија, Фарма вита, Кене, Србија гламур тим, Србија барберинг тим, Тим Прилеп и тим Македонија, кој ќе се престават на сцената на ЦК Марко Цепенков„, рече Здравески