12.8 C
Прилеп
вторник, 15 октомври, 2024
Пела Радио

Денеска е Света Марина – Огнена Марија

Православните верници, 30 јули, го одбележуваат празникот на света великомаченичка Марина, во народот познат како Огнена Марија, која се почитува како борец за христијанската вера и заштитничка на жените. Според народното верување, Света Марина пали и казнува со оган и како и Свети Илија кој казнува со гром, спаѓа во огнени светци.

Ако на денот на Огнена Марија, светкаат молњи и се слушаат грмотевици, тоа се смета за лош знак и голема казна. Се смета дека оваа светителка добро знае кој е грешен, па тој ден сите добиваат сите по заслуга.

Жените посебно го празнуваат денот на Огнена Марија, па на овој ден домашните работи се сведени на минимун. Задолжително е одењето во црква и молитва пред иконата на Свети великомаченичка Марина.

Обичај е на овој празник, кога поради големата жештина гори и небото и земјата, ништо да не се работи.

Во преданијата има примери за оган и громови кои во врелите празнични денови го палеле житото, сеното и домовите на луѓето кои работеле на овој празник.

Би можело да ве интересира

Витаминка со пакетчиња за штитениците на Националниот сојуз на глуви и наглуви

Гордана Цветаноска

Денеска муслиманите во целиот свет го слават Рамазан Бајрам, вториот по важност празник во исламот по Курбан Бајрам

Редовните прегледи и консултации пресудни во борбата против карцином кај мажите

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе