СОУ Ристе Ристески – Ричко Прилеп ги претстави стручните сектори и спортската гимназија. Едно од најстарите и најбараните стручни училишта во Прилеп СОУ Ристе Ристески – Ричко Прилеп денеска пред повеќе ое 300 деветто одделенците , од повеќе основни училишта од Општина Прилеп и соседните општини, ги промовираше можностите за теоретска и практична настава.
Четирите сектори вклучуваат по неколку квалификации и спортската гимназија, ова средно училиште го прават атрактивно при уписот на идните мајстори на својата професија и спортисти. На отворениот ден, при посетата, учениците имаа можност да научат и да се запознаат со што се одликуваат поедините сектори, какви можности нудат поедини квалификации, по што се разликуваат наставните програми за секој од секторите пооделно, како се одвива практичната настава во и вон училиштето.
На располагање се: Сектор ЕЛЕКТРОТЕХНИКА со 6 квалификации, меѓу кои и квалификација за дуално стручно образование по германски модел, при што учениците имаат избор за три или четири годишен образовен процес. Сектор МАШИНСТВО на располагање се 6 квалификации, меѓу кои и квалификација за дуално стручно образование по германски модел, со избор за три или четири годишно образование. Сектор СООБРАЌАЈ, ТРАНСПОРТ И СКЛАДИРАЊЕ кој што содржи 3 квалификации со времетраење на образовниот процес од 4 години. Сектор ГРАФИЧАРСТВО во кој што се вклучени 2 квалификации за 4 годишно образование и СПОРТСКА ГИМНАЗИЈА со 4 годишно образование СОУ Ристе Ристески – Ричко Прилеп поседува одлични услови за професионална едукација и надградба на учениците. На располагање се специјализираните кабинети за практична настава.
Во овој средношколски центар втора година по ред со вклучување во дуалното образование по германски модел во одредени квалификации во секторите ЕЛЕКТРОТЕХНИКА (техничар за индустриска мехатроника) и МАШИНСТВО (техничар за производно машинство) имаат можност да бидат платени за практичната работа во одредени компании.
Првото пријавување кое се реализира електронски е на 14 и 15 јуни, а прелиминарната ранг листа ќе биде објавена на 16 ти јуни.